Економско-социјален совет

 

Економско-социјалниот совет е трипартитно тело, формирано од Владата на РМ и социјалните партнери за водење на социјален дијалог, заради создавање на услови за економска и социјална стабилност и остварување на темелните вредности  на РМ како демократска и социјална држава.

Потписници на Спогодбата за основање на Економско-социјалниот совет се Владата на РМ, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи. 

 Структура 

Економско-социјалниот совет, согласно Спогодбата, е составен од 12 членови: четири члена именува Владата на РСМ, четири члена именуваат репрезентативните здруженија на работодавачи на територијата на Република Северна Македонија и четири члена именуваат репрезентативните синдикати на територијата на Република Северна Македонија. 

 Претседател на Економско-социјалниот совет

  • Бесар Дурмиши, министер за економија и труд

Членови на советот 

Име и презиме функција во ЕСС    функција 
Бесар Дурмиши
претседател Министер за економија и труд
Марјан Ристески заменик член Заменик министер за економија и труд
Гордана Димитриеска-Кочоска
член  Министерка за финансии
Николче Јанкуловски
заменик член Заменик министер за финансии
Фатмир Лимани член  Министер за социјална политика, демографија и млади
Ѓоко Велковски заменик член Заменик министер за социјална политика, демографија и млади
Весна Јаневска член Министерка за образование и наука
Лулзим Алиу заменик член Заменик министер за образование и наука
Слободан Трендафилов член и заменик претседател на ЕСС Претседател на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ)
Иван Пешевски член Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
Трпе Деаноски
член  Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
Игор Герасов
член  Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
Љубиша Каранфиловски
заменик член  Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
Златко Цветковски заменик член Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
Игор Китаноски заменик член Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
Стојанче Кашиковски заменик член Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ)
Владанка Трајкоска член и заменик претседател на ЕСС Претседателка на Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) 
Ангел Димитров член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ) 
Љупчо Фармакоски
член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Весна Богдановска член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Томе Петковски заменик член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Фисник Осеку
заменик член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Ѓорѓи Петрушевски заменик член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)
Борис Хрисафов заменик член Организација на работодавачи на Македонија (ОРМ)

 Управување  

Економско-социјалниот совет ја има следнава структура на управување:

  • претседател и двајца заменици на претседателот
  • секретар

Претседателот на Советот е министерот за труд и социјална политика, кој е член на Советот по функција. 

Претседателот на Советот го претставува и застапува Советот пред надлежните органи и јавноста, ги свикува седниците, предлага дневен ред, ја координира и усогласува работата. 

Секретарот на ЕСС е лице од Министерството за труд и социјална политика, определено од министерот за труд и социјална политика.

 Организациските, административните и техничките работи на ЕСС и неговите работни тела се извршуваат во Одделението за социјално партнерство при Министерството труд и социјална политика.

 Надлежности

  • ги следи, проучува и оценува влијанието на економската политика и мерките на економската политика на социјалната стабилност и развој;
  • ги следи, проучува и оценува влијанието на социјалната политика и мерките на социјалната политика на економската стабилност и развој;
  • ги следи, проучува и оценува влијанието на промените на цените и платите на економската стабилност и развој;
  • му дава образложено мислење на министерот за труд за прашања и проблеми поврзани со склучувањето и примената на колективните договори;
  • им предлага на Владата, работодавачите и синдикатите, односно на нивните здруженија на повисоко ниво, водење на усогласена политика на цени и плати;
  • дава мислења по предлози на закони од областа на трудот и социјалната сигурност;
  • ја промовира и поттикнува идејата на тространа соработка (трипартитен социјален дијалог) помеѓу социјалните партнери за решавање на економските и социјалните прашања и проблеми;
  • го поттикнува мирното решавање на колективните работни спорови;
  • дава мислења и предлози на министерот за труд во врска со другите прашања утврдени со овој закон.

Економско социјалниот совет може да основа одбори и комисии за поедини прашања од својот делокруг.  

-Економско социјалниот совет донесува Деловник со кој се уредува начинот на работата на советот. 

Заклучоци 
Економско-социјалниот совет разгледува законски и други прописи, национални стратегии и програми кои што се во врска со економско-социјалните интереси на работниците и работодавачите, проекти и материјали од економската и социјалната сфера и при тоа се носат соодветни предлози, мерки и заклучоци.Заклучоците во однос на законските прописи се доставуваат до Владата на РСМ и Собранието на РСМ.

Колективно договарање

Колективни договори
Толкувања на одредбите од Општиот колективен договор за јавниот сектор (ОКД)
Спогодби
Електронски Регистар на колективни договори
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }