Застапник за еднакви можности на жените и мажите
Согласно со Законот за еднакви можности на жените и мажите, член 23 во рамките на Министерството за труд и социјална политика се води постапка за утврдување на нееднаков третман на жените и мажите.
Постапката ја води Застапник за еднакви можности на жените и мажите, лице вработено како државен службеник во Министерството за труд и социјална политика.
Застапникот за еднакви можности на жените и мажите во делокругот на своите надлежности, самостојно извршува работи и задачи што се однесуваат на правна заштита на дискриминирани лица врз основа на пол и поведување постапка за утврдување на нееднаков третман на жените и мажите согласно одредбите од Законот за еднакви можности на жените и мажите, соработува со надлежните субјекти (надлежен инспекциски орган, народниот правобранител или друг надлежен орган), подготвува годишни извештаи и анализи и врши други работи.
Претставка за поведување на постапка за утврдување нееднаков третман на жените и мажите