Проект за користење бесплатна услуга за одмор и рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток

Цел: развивање на психомоторниот развој на децата и способност за договарање, почитување на разликите и соработка во групи, способност за прифаќање на себеси и другите и ориентација во просторот.

Услугата за одмор и рекреација за време на летниот распуст 2024 година, може да ја користат деца од семејства во социјален ризик (детски додаток, додаток за образование и гарантирана минимална помош) како и деца корисници на посебен додаток до 26 години), родени во периодот од 2010 до 2013 година, редовни ученици во основно училиште, како и деца корисници на посебен додаток до 26 годишна возраст.Вкупниот број на корисници кои ќе ја користат услугата за одмор и рекреација за време на летниот распуст 2024 година е до 250  лица. 

Со услугата за одмор и рекреација, за време на летниот распуст на корисниците им се обезбедува престој од 7 дена (шест полни пансиони со три оброка дневно), а за време на зимскиот распуст на корисниците им се обезбедува престој од 6 дена (пет полни пансиони со три оброка дневно).

Превозот на децата од одреденото место од страна на надлежниот Центар  за социјална работа до одмаралиштето/хотелот и обратно ќе биде организиран.

Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник за време на одмор и рекреација.

Постигнати резултати:

Со проектот од 2012 година до сега (со зима 2020) опфатени се вкупно 15.680 деца. Проектот не се реализира лето 2020 година, зима и лето 2021 година и зима 2022 година, заради пандемијата со КОВИД 19.

Проектот повторно започна да се реализира од лето 2022 година, зима 2023 година, а услугата за одмор и рекреација  ја искористија вкупно 519 лица.

Услугата за одмор и рекреација започнувајќи од 2012 година, па се до зима 2024 година, ја искористиле 16.676 лица.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }