Систем на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија


Пензиско и инвалидското осигурување

Систем на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија

Врз основа на уставните определби за социјално осигурување произлегуваат и правата од пензиското и инвалидското осигурување, како основни права на граѓаните.

Со Законот за пензиското и инвалидското осигурување се уредува задолжителното пензиско осигурување на работниците во работен однос и на физичките лица кои вршат дејност, основите на капитално финансирано пензиско осигурување, како и посебните услови под кои одделни категории на осигуреници ги остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување.

Повеќе

Услови под кои се остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување  

Осигуреникот кај кого ќе настане општа неспособност за работа, како и осигуреникот со преостаната работна способност кој поради навршување на одредени години на живот не може со професионална рехабилитација да се оспособи за вршење на друга соодветна работа стекнува право на инвалидска пензија ако ги исполнува следните услови:

1) инвалидноста е причинета со повреда на работа или професионална болест -без оглед на должината на пензискиот стаж или

2) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж или

3) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест доколку осигуреникот има навршено над 30 до 37 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години, а осигуреникот има навршено над 37 до 45 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.

Повеќе

Комисија за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење

Документи

***Напомена: При доставување на Барање за утврдување на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење и/или Барање за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, потребната документација треба да се достави во 4 примероци во хартиена и во електронска форма на CD или USB во архивата на МТСП.

За дополнителни прашања може да се обратите на:

  • тел: 02/3 106 662

Податоци за состојбата на бројот на корисниците на пензија и просечно исплатена пензија за февруари 2024 година

Состојба на корисниците на пензија од исплатена пензија, по вид, по стекнато право и просечна пензија за февруари 2024 година

Вид на пензија Корисници по работно право Корисници по воено право Корисници по земјоделско право Вкупен број на корисници
Семејна пензија  74,339 469 37 74,845
Инвалидска пензија 26,583 126 0

26,709

Старосна пензија 236,447 179 8 236,634
Вкупно:  337,369 774 45 338,188
Вид на пензија Просечна пензија
Семејна пензија 15,861
Инвалидска пензија 17,849
Старосна пензија 21,684
Земјоделска пензија 10.447
Воена пензија 28,425
Просечно исплатена пензија за месец февруари 2024 година                                                                                                                   20.116   


Состојба на корисници на пензија по групи на исплати за февруари 2024 година

Износи во денари семејна пензија инвалидска пензија старосна пензија воена пензија земјоделска пензија вкупно

структура

%

До 12.528 8,342 3,718 12,530 1 45 24,636 7.28
Од 12.529 до 16.058 42,327 9,620 66,972 0 0 118,739 35.11
од 16.059 до 20.175 12,444 6,605 47,902 17 0 66,968 19.80
од 20.176 до 31.859 9,645 5,642 77,730 581 0 93,598 27.68
од 31.860 до 54.588 1,516 972 28,860 175 0 31,523 9.32
над 54.588 65 26 2,633 0 0 2,724 0.81
Вкупно 74,339 26,583 236,447 774 45 338,188 100

Извор: Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, https://www.piom.com.mk

Толковник на пензиското и инвалидското осигурување

А   Б   В   Г   Д  Ѓ   Е  Ж   З  Ѕ   И   Ј   К  Л   Љ  М   Н   Њ   О   П  Р   С    

Т   Ќ   У   Ф   Х   Ц   Ч   Џ   Ш  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }