Организациска структура на Министерството за труд и социјална политика
Сектори:
• Сектор за внатрешна ревизија,
• Сектор за управување со човечки ресурси,
• Сектор за стратешко планирање,
• Сектор за финансиски прашања,
• Сектор за правни и нормативни, општи и заеднички работи,
• Сектор за координација и техничка помош на министерот,
• Сектор за европска интеграција и меѓународна соработка,
• Сектор за политики од областа на трудово право и политики за вработување,
• Сектор за прекршоци од областа на работните односи и областа на безбедност и здравје при работа,
• Сектор за пензиско и инвалидско осигурување,
• Сектор за еднакви можности,
• Сектор за социјална заштита,
• Сектор за децентрализација и развој на услуги од социјална заштита на локално ниво,
• Сектор за заштита на деца и
• Сектор за испекциски надзор над примената на законските и другите прописи од областа на социјалната заштита и заштита на децата.
Министерството за труд и социјална политика има:
• Државен советник за стратешко планирање и меѓуресорска координација на проекти за реформи за јавната администрација;
• Државен советник за финансиски менаџмент;
• Државен советник за правни работи;
• Државен советник за координација и развој на демографски политики;
• Државен советник за европски интеграции и меѓународна соработка;
• Државен советник за креирање и развој на политики од областа на трудовото право и политики за вработување;
• Државен советник за креирање и развој на прекршочни политики од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа;
• Државен советник за креирање и развој на политики од областа на пензиското и инвалидското осигурување;
• Државен советник за креирање и развој на политики од областа на социјалната заштита (2 извршители);
• Државен советник за еднакви можности (2 извршители);
• Државен советник за креирање и развој на политики од областа на заштита на децата (2 извршители) и
• Државен советник за развој и унапредување на испекциските политики во социјалната заштита.
Согласно со Законот за организација на органите на државната управа, орган во состав на Министерството за труд и социјална политика е:
• Управата за прашања на борците и воените инвалиди