Кампањи
Јули 2022
Кампања „Со тебе сме–Заедно против насилството врз жените и девојчињата“
Со цел промоција на Законот за спречување од насилство врз жените и семејно насилство во тек е кампањата „Со тебе сме – Заедно против насилството врз жените и девојчињата“.
Повеќе
Национална кампања за подигање на јавната свест „СТАВЕТЕ НЀ НА ВАШИОТ ЅИД”
По повод 3 Декември–Меѓународниот ден на лицата со попреченост, три проекти на Министерството за труд и социјална политика, финансирани од Европската Унија, кои во моментов го поддржуваат воспоставувањето на социјални услуги во заедницата и спроведувањето на Националната стратегија за деинституционализација, заедно ја спроведуваат кампањата за подигање на јавната свест „Ставете нѐ на вашиот ѕид”.
Нашите заеднички напори годинава се насочени кон подигање на јавната свест за т.н. „невидливи“ попречености. Соработувавме со уметникот и графички дизајнер Зоран Кардула. Неговите дизајни во стилизирана форма отсликуваат неколку состојби на невидлива попреченост (дислексија, аутизам, биполарно растројство, Даунов синдром, дијабетес кај деца, наглувост). Креативните и прекрасни дизајни се слободни за користење во електронска форма или сами да ги отпечатите.
Аутизам
Симнете МКД верзија
Симнете ALB верзија
Симнете ENG верзија
Повеќе на: https://socialservicesplatform.eu/mk/nacionalna-kampanja-stavete-ne-na-vasiot-zid/
Повеќе
Биди безбедна
Министерството за труд и социјална политика заедно со UNDP ја креираа апликацијата “Биди безбедна”. Оваа апликација овозможува лесно и брзо пријавување на семејно насилство и нуди спас за жртвите.
Повеќе
Линија за помош и психосоцијална поддршка на родители, деца и млади
Во време на пандемија, психо-социјалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. Во таа насока Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители.
Повеќе
Владини кампањи
ЕДУИНО Амбасадори-иницијатива за афирмирање на придонесот на најпосветените наставници