Акција за евиденција на лица во матична книга на родените
Во 2011 година, Министерството за труд и социјална политика во соработка со Министерството за внатрешни работи и Управата за водење на матичните книги на евиденција започна со спроведување на акција за идентификација на лицата кои што не се евидентирани во матичните книги на евиденција.
Во рамките на акцијата идентификувани се околу 650 лица како неевидентирани лица во матична книга на родените.
Во 2020 година донесен е Законот за лицата без регулиран граѓански статус, со кој се уредува начинот на прибирање и евиденција на личните податоци, видот на податоците што се евидентирани и стекнување на својството со посебен граѓански статус заради остварување на правото на образование, здравствена заштита, социјaлна заштита и вработување со задолжително социјално осигурување.
Во 2020 година Подготвен е Акционен план за имплементација на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени. Акциониот план содржи ургентни мерки кои е потребно да бидат превземни од страна на релевантните институции (Управата за водење на матичните книги и Министерството за внатрешни работи) во процесот на обезбедување на посебен извод на родени и документ зa идентификација. Формирана е работна група составена од претставници од релевантните државни институции и граѓански организации за следење и имплементација на акцискиот план во согласност со донесениот закон, која континуирано еднаш месечно одржува работни состаноци.
До крајот на 2021 година според последните податоци од УВМК околу 207 лица имаат поднесено барање, вкупно 79 лица има добиено посебни идентификациони исправи.