Систем на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија
Пензиско и инвалидското осигурување |
|
Систем на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија
Врз основа на уставните определби за социјално осигурување произлегуваат и правата од пензиското и инвалидското осигурување, како основни права на граѓаните.
Со Законот за пензиското и инвалидското осигурување се уредува задолжителното пензиско осигурување на работниците во работен однос и на физичките лица кои вршат дејност, основите на капитално финансирано пензиско осигурување, како и посебните услови под кои одделни категории на осигуреници ги остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување.
Повеќе
Услови под кои се остваруваат правата од пензиското и инвалидското осигурување
Осигуреникот кај кого ќе настане општа неспособност за работа, како и осигуреникот со преостаната работна способност кој поради навршување на одредени години на живот не може со професионална рехабилитација да се оспособи за вршење на друга соодветна работа стекнува право на инвалидска пензија ако ги исполнува следните услови:
1) инвалидноста е причинета со повреда на работа или професионална болест -без оглед на должината на пензискиот стаж или
2) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест под услов пред настанувањето на инвалидноста, односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж или
3) инвалидноста е причинета со повреда надвор од работа или со болест доколку осигуреникот има навршено над 30 до 37 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години, а осигуреникот има навршено над 37 до 45 години живот, треба да има пензиски стаж кој му покрива 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.
Повеќе
Комисија за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење
Документи
***Напомена: При доставување на Барање за утврдување на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење и/или Барање за ревизија на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење, потребната документација треба да се достави во 4 примероци во хартиена и во електронска форма на CD или USB во архивата на МТСП.
За дополнителни прашања може да се обратите на:
Податоци за состојбата на бројот на корисниците на пензија и просечно исплатена пензија за октомври 2024 година
Состојба на корисниците на пензија од исплатена пензија, по вид, по стекнато право и просечна пензија за октомври 2024 година
Вид на пензија |
Корисници по работно право |
Корисници по воено право |
Корисници по земјоделско право |
Вкупен број на корисници |
Семејна пензија |
74,172 |
434 |
32 |
74,638 |
Инвалидска пензија |
25,709 |
126 |
0 |
25,835
|
Старосна пензија |
241,512 |
179 |
6 |
241,697 |
Вкупно: |
341,393 |
739 |
38 |
342,170 |
Вид на пензија |
Просечна пензија |
Семејна пензија |
19,157 |
Инвалидска пензија |
21,269 |
Старосна пензија |
25,366 |
Земјоделска пензија |
32.403 |
Воена пензија |
13,413 |
Просечно исплатена пензија за месец октомври 2024 година |
23.727 |
Состојба на корисници на пензија по групи на исплати за октомври 2024 година
Износи во денари |
семејна пензија |
инвалидска пензија |
старосна пензија |
воена пензија |
земјоделска пензија |
вкупно |
структура
%
|
До 15.692 |
8,434 |
3,702 |
13,024 |
1 |
38 |
25,199 |
7.36 |
Од 15.693 до 19.409 |
42,321 |
9,240 |
69,300 |
0 |
0 |
120,861 |
35.32 |
од 19.410 до 25.000 |
14,202 |
7,467 |
59,341 |
30 |
0 |
81,040 |
23.68 |
од 25.001 до 39.114 |
8,279 |
4,702 |
74,737 |
624 |
0 |
88,342 |
25.82 |
од 39.115 до 59.981 |
867 |
569 |
22,173 |
84 |
0 |
23,693 |
6.92 |
над 59.981 |
69 |
29 |
2,937 |
0 |
0 |
3,035 |
0.89 |
Вкупно |
74,172 |
25,709 |
241,512 |
739 |
38 |
342,170 |
100 |
Извор: Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, https://www.piom.com.mk
Толковник на пензиското и инвалидското осигурување
А Б В Г Д Ѓ Е Ж З Ѕ И Ј К Л Љ М Н Њ О П Р С
Т Ќ У Ф Х Ц Ч Џ Ш
|
|