Царовска: Село Брајковци во валандовско ја доби првата детска градинка, инвестираме во иднината на децата и нашата држава  

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов денеска присуствуваа на отворањето на нова детска градинка во село Брајковци, валандовско, објект под ЈОУДГ „Калинка”, во којашто ќе бидат опфатени деца на предучилишна возраст од 4 околни населени места. 

„Денеска навистина сум среќна што Брајковци коешто е рурално место ја доби првата детска градинка. Овој објект во којшто инвестиравме 10,3 милиони денари ќе значи многу за раниот детски развој во овој регион. Министерството за труд и социјална политика заедно со локалните самоуправи изминатиот период забразано работеа на подобрување на условите кадешто престојуваат дечињата. Продолжуваме посветено да инвестираме во детската заштита, а со тоа како Влада да вложуваме во иднината на секое дете и на нашата држава. За идната година во Буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари во вкупно 43 градинки. Дополнително обезбедени се 15 милиони евра грант од Светска банка за изградба на детски градинки по најсовремени стандарди“, рече Царовска на отворањето на градинката во Брајковци.

Министерката денеска во Валандово беше во увид на градежните работи на централната детска градинка „Калинка” во Валандово која е во завршна фаза од реконструкцијата во енергетско ефикасен објект, а го посети и Дневниот центар за деца со попреченост.

„Дневните центри коишто изминатиот период ги отворивме низ цела држава значат многу во локaлната заедница затоа што тие помагаат во исполнувањето на одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, кои се однесуваат на правото на самостојно живеење, лична мобилност, пристап до образование, здравствена заштита, рехабилитација и вработување. Развојот на ваквиот вид услуги на локално ниво ги следат индивидуалните потреби на секое дете и лице со попреченост и на нивните семејства. Овие сервиси се мост до другите системи на поддршка. Само така, можеме да обезбедиме целосно вклучување на лицата со попреченост во општеството“, рече Царовска.

Дневниот центар за деца со попреченост го посетуваат 9 дечиња на возраст од 3-14 години во 2 групи, а за нив се грижат неговател, дефектолог и наставник по одделенска настава.

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }