Министерството за труд и социјална политика доби признание од Црвен крст за посебен придонес и соработка во развој на социјалните услуги 

Црвениот крст на Република Северна Македонија денеска додели посебно признание за партнерска соработка на Министерството за труд и социјална политика. Признанието и беше врачено на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска од страна на генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити.

“Честитам за заедничката успешна сработена работа. Заеднички продолжуваме понатаму да создаваме услуги за најранливите и повозрасните лица. Годинава успеавме да донесеме измени и дополнување на Законот за Црвениот крст на Република Македонија со кои ги допрецизиравме одредбите кои се однесуваат на утврдувањето на висината на надоместоците. Со тоа ја зголемивме одржливоста на активностите кои ги спроведува Црвениот крст и неговите општински здруженија во поддршката и помошта кон најранливите граѓани на нашето општество”, рече Царовска.

Црвениот крст е партнер на МТСП во заштитата и поддршката на бездомните лица во Северна Македонија. Изминатите неколку години Министерството и Црвен крст отвораат пунктови во повеќе градови во државата, во периодот од годината кога се прогласува ладен бран. МТСП обезбедува финансиски средства за поддршка на бездомните лица во текот на овој период од годината.

“Црвен крст се вклучи во испорака на услугите кои се предвидени со новиот Закон за социјална заштита,  со обезбедување на услугата за лична асистенција во 9 општини, а во иднина ќе се вклучи и во испраката на услугата помош и нега во домот”, рече Царовска.

Министерствито за труд и социјална политика и Црвениот крст успешно соработуваат и во обезбедувањето поддршка за повозрасната популација во Дневните центри за стари лица, а последно е и поддршка во соработка со општина Центар и во обезбедување на дневни услуги за лица со интелектуална попреченост. 

Со години наназад МТСП има успешна соработка во спроведување на услугата летен одмор за деца од семејства во социјален ризик.

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }