СООПШТЕНИЕ

Министерството за труд и социјална политика известува дека Владата на Република Македонија на седница одржана на 28.12.2018 година, ја усвои Програмата за персонална асистенција на лица со попреченост за 2019 година, која има за цел да придонесе за независно и самостојно живеење на лицата со попреченост, како и за нивно активно и рамноправно учество во заедницата и во општеството во целина. 

Во оваа насока, имајќи ја предвид можноста како извршители на програмата да се јават и здруженијата кои имаат добиено согласност  од министерот за труд и социјална политика за давање услуги од социјалната заштита, се повикуваат здруженијата од избраните општини Битола, Струга, Куманово, Неготино, Гостивар, Струмица, Велес, Тетово и Градот Скопје да аплицираат за добивање согласност за давање на услуги од доменот на социјалната заштита, согласно член 163 и 164 од Законот за социјалната заштита, а врз основа на исполнетост на Стандардите за услугата персонална асистенција објавени на веб страната на министерството.  

Здруженијата кои веќе имаат добиено ваква согласност немора да поднесуваат ново барање за обновување на истата.

Министерство за труд и социјална политика                                                                                                                                            

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }