Холандската влада со финансиска поддршка за имплементација на Истанбулската конвенција

Холандската влада обезбедува финансиска поддршка за реализација на активности во рамки на Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција. Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и В.Д. амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија Андри ван Менс денеска потпишаа договор кој обезбедува поддршка во висина до 9,144,300 денари.

„Многу ми е драго што нашите напори како Влада и Министерство за справување со родово базираното и семејно насилство се видливи и препознаени. Им благодарам на нашите пријатели и партнери од Холандија за оваа значајна поддршка. Борбата за еднаквост и заштита на сите ранливи категории останува наш врвен приоритет. Во таа насока подготвуваме нов закон за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената, кој се очекува да биде финализиран до крајот на годината. Со овој закон за првпат ќе биде воспоставен еден севкупен систем и мултисекторски пристап кон превенцијата и заштитата од насилство“, изјави Царовска.

Со овие средства се предвидени активности неопходни за успешно спроведување на Истанбулската конвенција во Република Северна Македонија. Конкретно, ќе се изработат стандарди за давање на специјализирани услуги на жртви на родово-базирано и семејно насилство и стандардни за оперативни процедури. На овој начин ќе се обезбеди поефикасна заштита на жртвите од родово базирано и семејно насилство, како и навремена и соодветна интервенција на надлежните служби.

„Промоцијата и унапредување на владеење на правото и човековите права, вклучително и правата на жената во целиот свет е носечки столб на холандската надворешна политика. Личната и општествената цена на насилството врз жената е преголема. Истанбулската конвенција дава силен поттик за превенција и борба против семејното насилство и насилството врз жените. Токму затоа, горд сум што можеме да придонесеме кон тековните активности на Владата, особено на Министерството за труд и социјална политика, за справување со овие појави преку системски и сеопфатен пристап, заедно со граѓанското општество и останатите релевантни чинители во оваа област“, изјави В.Д. амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија Андри ван Менс.

Дополнително, ќе се спроведат општи и обуки за даватели на специјализирани услуги на жртви на родово базирано и домашно насилство. Како резултат на ова ќе добиеме 15 обучени национални тренери, кои ќе можат понатаму да обучуваат дополнителни кадри.

Ќе се спроведат општи обуки за родово базирано и семејно насилство што се наменети за повеќе целни групи, а ги вклучуваат вработените од основно и од средно училиште, воспитувачи и негуватели, стручни работници од социјалните центри, полициски службеници, здравствени работници, судии и јавни обвинители. Благодарение на овие обуки, кои ќе се реализираат во текот на 2019 и 2020 година, ќе се зајакне принципот на еднаквост во општеството, ќе се детектираат специфичните проблеми и потреби на жени од различни ранливи групи, приспособено на областа што ја покрива соодветната институција.

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }