Децата коишто растат во сиромаштија имаат 75% помали шанси за развој

На регионалната конференција „Ефективна социјална заштита: поддршка на деца, семејства и заедници во борбата против сиромаштијата“ обраќање на тема детска сиромаштија имаше Пол Стабс, виш истражувачки соработник, Економски институт, Загреб, Хрватска.

„Да се размисли за регионален социјален договор, да развиеме етика на социјална одговорност и грижа“, порача Пол Стабс, виш истражувачки соработник при Економскиот институт во Загреб, истакна Стабс, којшто имаше воведно ображање пред почетокот на панел дискусиите.

На следната панел дискусија се разговараше за раното детско образование и грижа, како стратегија за ворба против сиромаштијата. Висококвалитетните програми за ран детски развој и учење се глобално признати како основна стратегија за намалување на сиромаштијата. Постои висок поврат на инвестициите во предучилиштното образование, што придонесува за зголемување на успешното учество и учење на децата во училиштата и зајакнување на економскиот развој. 

Ребека Елис од Универзитет „Џонс Хопкинс“, Соединети Американски Држави посочи дека многу е важно децата да имаат позитривен страт во животот, а за тоа е потребно да живеат во социјална и семејна благосостојбa.

„Децата коишто растат во сиромаштија имаат 75% поголема можност да имаат проблеми со говорот, решавање на проблеми, и воспоставување на комуникација со други лица. Затоа е многу важно да имаат квалитетно образование. Да имаат квалитетни часови поминати со наставникот, бидејќи тие стануваат втор нивен родител. Навистина сум среќна што Министерството за труд и социјална политика на Северна Македонија е меѓу првите земји во светот спроведува висококвалификувани обуки за воспитувачите и работи на унапредување на условите за престаој на децата“, рече Елис.

Доминик Ричардсон, шеф за социјална политика, Канцеларија за истражување на УНИЦЕФ истакна дека земјите од западен Балкан треба да вложуваат во раниот детски развој, но и во програми за намалување на сиромаштија.

„Само програмите за вработување и преквалификација водат до извлекување на семејствата од сиромаштија. Истовремено треба да се јакне предучилишното образование, бидејќи е висок процентот на децата коишто во Западен Балкан немаат можност за рано учење на возраст од три до шест години.  Треба да се зголеми пристапот за сите возрасни групи, а особено за најсиромашните деца, децата од руралните средини и децата со попреченост, подеднакво да бидат вклучени во предучилишното образование“, рече Ричардсон. 

Сите земји имаат политики за уредување на предучилишното образование, а вклучувањето на децата со попреченост е во развој, иако, поради децентрализираното управување, постојат големи разлики во финансирањето и опфатот на предучилишното образование на локално ниво.

Жарко Шундериќ, Центар за социјална политика, Србија рече дека сите земји имаат политики за уредување на предучилишното образование, а вклучувањето на децата со попреченост е во развој.

„Во суштина ние инвестираме помалку од развиените земји во социјалните системи. Ако ги погледнеме другите елементи за едукација многу деца се изоставени од предучилишото образование не само во Србија туку и во регионот. Само високовлаитетно рано детско образование може да доведе до позитивен напредок. Сите земји имаат политики за уредување на предучилишното образование, а вклучувањето на децата со попреченост е во развој“ рече Шундериќ.

Игор Антевски од Министерство за труд и социјална политика, Северна Македонија, рече дека справувањето со детската сиромаштија стои многу високо на приоритетот на земјите членки на ЕУ. Затоа нашата реформа осве што ги зајакнува ранливите е направена за да ја намали детската сиромаштија и да даде подеднаков старт на секое дете. Едно евро вложено во програми во предучилипно образоивание е многу повредно од едно евро вложено во понатамошното образование и преквалификации и доквалификации“, истакна Антевски.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->