Прва дозвола за вршење на дејност за управување со доброволни пензиски фондови

 
Издадена првата дозвола за вршење на дејност управување со доброволни пензиски фондови и условно одобрение за управување со доброволен пензиски фонд.

Управниот одбор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, на седницата одржана на 15.04.2009 година, донесе Одлука со која на Акционерското друштво за управување со пензиски фондови „НОВ ПЕНЗИСКИ ФОНД“ Скопје му се издава дозвола за вршење на дејност управување со доброволни пензиски фондови и условно одобрение за управување со доброволниот пензиски фонд „ОТВОРЕН ДОБРОВОЛЕН ПЕНЗИСКИ ФОНД НЛБ ПЕНЗИЈА ПЛУС“. По извршената промена на регистрацијата во Централниот регистар на Република Македонија условното одобрение за управување со доброволен пензиски фонд станува полноважно по што друштвото може да започне со активности на маркетинг, зачленување на членови и прибирање на доброволни придонеси во фондот.  

На овој начин се овозможува формирање на првиот доброволен пензиски фонд и почеток на имплементацијата на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (трет столб) во Република Македонија.
 
Примарна цел на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување во Република Македонија е:

  • Обезбедување повисок приход по пензионирањето за осигурениците кои  се веќе осигурани во едностолбниот или двостолбниот пензиски систем (задолжително пензиско и инвалидско осигурување), а кои сакаат и се во можност да издвојат дополнителни средства заради поголема материјална сигурност или одржување на повисок стандард на живеење по пензионирањето; 
  • Обезбедување пензија на лицата кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување лично за себе или од други лица. Тука спаѓаат долгорочно невработените, вработените на проекти или во странски мисии, брачните другари кои не се вработени, и други лица без оглед дали се во работен однос или се невработени;
  • Обезбедување предуслови за воспоставување на професионални пензиски шеми во процесот на усогласување на системот на социјално осигурување во Македонија со системот во Европската унија.
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }