Реформа

Основи на реформата на пензискиот систем во Македонија

 Соочена со ризикот од посериозни потреси во пензискиот систем, кои би се јавиле како резултат на дефицитите во Фондот на пениското и инвалидското осигурување, Владата на Република Македонија уште во 1993 година го отпочна процесот на реформа на системот на пензиско и инвалидско осигурување.

Во периодот до 2000 година, со донесувањето на новиот Закон за ПИО, како и со серија негови измени и дополнувања, во управувањето со државниот пензиски систем беше воведена политика на растечка рестриктивност.  Треба да се има предвид дека рестриктивноста на овие решенија обезбедија ефекти на кус рок  од аспект на рамнотежата меѓу приходите и расходите во системот, приливот на нови пензионери и буџетските трансфери кон Фондот на ПИОМ. Решавањето на предизвиците на подолг рок го наметна прашањето за продлабочување на реформата на пензискиот систем во правец на негова постапна приватизација, решение {то во голем број земји со слични економски перформанси се покажа ефикасно и успешно. Како резултат на тоа, пристапот кон реформата на пензискиот систем почнувај}и од 1996 година беше двонасочен: од една страна, продолжија да се реализираат мерките за зајакнување на стабилноста на државниот пензиски систем преку заокружување на таканаречените параметрички реформи, додека од друга страна, отпочнаа активностите за моделирање на нов пензиски систем, чија цел е постигнување на негова долгорочна солвентност. 


Институции на новиот пензиски систем

 Институционалната рамка на реформираниот пензиски систем ќе ја сочинуваат:

  • Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија (Фонд на ПИОМ), во кој ќе се уплаќаат придонесите за првиот и вториот столб од пензискиот систем. 6% од вкупниот придонес на лицата кои задолжително се вклучени во вториот столб, Фондот на ПИОМ ќе ги префрлува на сметките на приватните пензиски фондови.
  • Приватните пензиски фондови, кои претставуваат отворени инвестициски фондови и кои се состојат од средствата од придонесите на нивните членови и од приносите од инвестирањето на тие средства. Сопственици на приватните пензиски фондови се нивните членови (осигурениците од вториот столб).
  • Друштвата за управување со приватните пензиски фондови се оние правни лица кои ќе добијат дозвола да управуваат со приватните пензиски фондови. Тие се основаат и работат согласно Законот за трговски друштва и имаат единствена дејност – управување со пензиски фондови. Друштво за управување со пензиски фондови може да основаат само правни лица чиј капитал изнесува најмалку 20 милиони евра, имаат искуство од најмалку три години, имаат потврден бонитет и стручен менаџерски тим.
  • Чуварот на имотот на приватните пензиски фондови е институција која ги чува безбедно средствата на приватните пензиски фондови и која осигурува дека инвестициските договори поврзани со овие средства се во согласност со законите.
  • Агенцијата за супервизија на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување е државна институција основана со цел да врши супервизија на работењето на друштвата за управување со пензиски фондови и на пензиските фондови и да обезбеди заштита на интересите на членовите на пензиските фондови и поттикнување на развојот на капитално финансираното пензиско осигурување.
  • Министерството за труд и социјална политика е креатор на политиката во областа на пензиското и инвалидското осигурување, во чиј состав е задолжителното и доброволното капитално финансирано пензиско осигурување и го надгледува работењето на институциите надлежни за спроведување на законите во оваа област.

 

Презентација: Како до стабилен и праведен пензиски систем

Совет за следење на состојбите во пензискиот систем 

Советот разгледува прашања поврзани со одржливоста на пензискиот систем, досегашната имплементација на реформата, подобрување на состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување, предлага мерки за oбезбедување на одржливост на пензискиот систем на долг рок, воведување на нови можности за инвестирање на средствата од втор и трет столб преку воведување на повеќе видови инвестициони портфолија усогласени според ризикот на инвестирање, итн.

Согласно Одлуката за формирање на Советот за следење на состојбите во пензискиот систем („Сл.Весник на РМ“ бр. 76/2017 и „Сл.Весник на РСМ“ бр. 178/2021), Советот се состои од претседател и членови, и тоа: 


а) претседател - министер за труд и социјална политика

б) членови: 

- министер за финансии, 

- заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, 

- министер за економија,

- претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување,

- директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, и

- претседател на Управeн одбор на пензискo друштвo во Република Северна Македонија.

Врз основа на заклучоците на Советот се подготвуваат информации и предлог измени на закони кои се доставуваат на разгледување до други институции, Економско социјален совет и Владата на Република Северна Македонија.

Советот работи врз основа на Деловник.

Совет за социјална сигурност

Надлежности на Советот за социјална сигурност

Согласно став (2) на член 117-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ“ бр. 160/14), Советот за социјална сигурност ги има следниве надлежности:

1) ги следи, проучува и оценува влијанието на мерките на економската и социјалната политика врз социјалната положба на корисниците на пензија;

2) ги разгледува ефектите од имплементација на законите и проектите за пензионерите и предлага мерки и активности за подобрување на стандардот на корисниците на пензија до Владата на Република Македонија;

3) дава мислења по предлози на закони од областа на социјалното осигурување и социјалната заштита и

4) дава мислења и предлози на министерот за труд и социјална политика во врска со прашања утврдени со овој закон.

Главна цел за основање на Советот за социјална сигурност е заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија се основа Совет за социјална сигурност.

Членови на Советот за социјална сигурност

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ“ бр. 160/14), а со цел заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија се основа Совет за социјална сигурност.               

Согласно став (1) на член 117-б од горенавдениот закон, членовите на Советот за социјална сигурност ги именува министерот за труд и социјална политика за време од четири години, и тоа три члена на предлог од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија и по еден член на предлог од останатите институции.                

Во согласност со наведената одредба, за членови на Советот на социјална сигурност се именувани следните лица:

  • Станка Трајкова–Сојуз на здруженија на пензионери на Северна Македонија;
  • Д.р Стојанче Стефановски-Сојуз на здруженија на пензионери на Северна Македонија;
  • М-р Илија Адамоски-Сојуз на здруженија на пензионери на Северна Македонија;
  • Даниела Божиноска–Министерство за труд и социјална политика;
  • Дејан Д. Николовски–Министерство за здравство;
  • Амет Даути–Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија;
  • Даниела Јовческа-Ѓуровска-Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија;
  • Ирена Рашовиќ–Министерство за финансии;
  • Вјолца Ејупи–Министерство за економија;
  • Љупка Петковска–Црвен крст на Република Северна Македонија;
  • Милан Живковиќ–Канцеларија на претседателот на Владата на Република  Северна Македонија;
  • Дарко Саздов–Агенција за супервизија на капитално финансирано пезиско осигурување;
  • Маријан Николовски–Триглав пензиско друштво АД Скопје;
  • Мира Шекутковска–Сава пензиско друштво АД Скопје, и
  • Весна Стојановска–КБ прво пензиско друштво АД Скопје. 

Членовите на Советот се именуваат за време од четири година.

Административно техничките работи на Советот за социјална сигурност ќе ги врши Даниела Павлова–советник во секторот за пензиското и инвалидското осигурување при Министерството за труд и социјална политика.

Советот работи врз основа на Деловник.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }