ПЛАН  ЗА ПОСВЕТЕНОСТ КОН ЖИВОТНАТА  СРЕДИНА  И  СОЦИЈАЛНИТЕ ПРАШАЊА (ППЖССП)

 

  1. Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Заемокорисникот) ќе го спроведе Проектот за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 (во натамошниот текст: Проектот), вклучувајќи ги следниве Министерства/агенции/единици: Министерството за здравство (МЗ) и Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Меѓународната банка за обнова и развој (во натамошниот текст: Банката) се согласи да обезбеди финансиска поддршка за реализирање на овој Проект.
  2. Заемокорисникот треба да спроведе материјални мерки и активности со цел Проектот да се имплементира во согласност со eколошките и социјалните стандарди (ЕСС). Со помош на Планот за посветеност кон животната средина и социјалните прашања (ППЖССП) се утврдуваат мерките и активностите, соодветните посебни документи или планови, како и потребниот временски период за реализирање на истите.
  3. Заемокорисникот е одговорен за почитување на сите барања наведени во Планот за посветеност кон животната средина и социјалните прашања (ППЖССП), дури и во случаи кога спроведувањето на посебните мерки и активности го извршуваат горенаведените Министерства (точка 1).
  4. Во согласност со ППЖССП и условите наведени во правниот договор, целосно ќе се следи спроведувањето на материјалните мерки и активности утврдени во овој ППЖССП и за истото ќе се известува Банката од страна на Заемокорисникот, додека пак, од друга страна, Банката ќе го следи и проценува напредокот и завршувањето на мерките и активностите во текот на имплементацијата на Проектот.
  5. Согласно договорот помеѓу Банката и Заемокорисникот, за време на имплементацијата на Проектот постои можност за повремено ревидирање на ППЖССП, со цел истото да се одрази на адаптивното управување согласно промените и непредвидените околности кои можат да се појават при имплементација на Проектот или како одговор на проценката на перформансите на Проектот, спроведена во рамките на самиот ППЖССП. Во такви околности, Заемокорисникот заедно со Банката се согласува со направените промени и притоа ќе го ажурира ППЖССП, со цел да се одразат ваквите промени. Договорот за измени на ППЖССП ќе биде документиран преку размена на писма потпишани од страна на Банката и Заемокорисникот. На тој начин, Заемокорисникот ќе може веднаш да го објави ажурираниот ППЖССП.
  6. Во случај кога непредвидените околности, измените или перформансите на Проектот резултираат со промени во ризиците и влијанијата при имплементацијата на Проектот, Заемокорисникот треба да обезбеди дополнителни средства, доколку е потребно, со цел спроведување на активностите и мерките за решавање на ваквите ризици и влијанија.

 


МАТЕРИЈАЛНИ МЕРКИ И АКТИВНОСТИ  

ВРЕМЕНСКА РАМКА 

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ/ОРГАН 

СЛЕДЕЊЕ И ИЗВЕСТУВАЊЕ

A

РЕДОВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Да се подготват и доставуваат до Банката редовни извештаи за мониторинг на животната средина, социјалното, здравственото и безбедносното работење (ЖССЗБ) при имплементирање на Проектот, вклучително, но не ограничувајќи се на спроведувањето на ППЖССП, статусот на подготовка и имплементација на документите за животна средина и социјални прашања кои се потребни согласно ППЖССП, активностите за вклучување на засегнатите страни, функционирање на механизмот за поднесување на поплаки.

Во текот на имплементција на Проектот на квартално ниво, од датумот на важност на Проектот.

 

МЗ и МТСП преку својата Единица за управување со проектот (ЕУП) 

ЕСС 1:  ПРОЦЕНКА И УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И СОЦИЈАЛНИТЕ РИЗИЦИ И ВЛИЈАНИЈА

1.1

ОРГАНИЗАЦИСКА СТРУКТУРА: Проектот ќе се имплементира преку постојната Единица за управување со проектот (ЕУП) во рамките на МТСП. ЕУП ќе продолжи да го задржува квалификуваниот персонал и да одржува доволно ресурси за поддршка на управувањето со ризиците кои настануваат како резултат на управување со животната средина, социјалното, здравственото и безбедносното работење (ЖССЗБ) како и влијанијата од Проектот и ќе додаде еден дополнителен специјалист за животна средина и еден за социјални прашања.

 

Специјалистите за животна средина и социјални прашања ќе бидат ангажира-ни во рок од еден месец по датумот на важност на Договорот за заем и ќе бидат задржани во текот на импле-ментацијата на Проектот.

МЗ и МТСП

1.2

ЕКОЛОШКИ И СОЦИЈАЛНИ ПЛАНОВИ ЗА ПРОЦЕНКА/УПРАВУВАЊЕ И ИНСТРУМЕНТИ/ ИЗВЕДУВАЧИ

  1. Да се подготви, објави и усвои Рамката за управување со животната средина и социјалните прашања (РУЖССП) и да се проценат ризиците од животната средина и социјалните ризици, како и влијанието од истите врз предложените активности на Проектот во согласност со ЕСС и РУЖССП, вклучително и да се осигури пристап до придобивките за развој што произлегуваат од Проектот на одредени поединци или групи кои, заради нивните посебни околности, можеби се обесправени или ранливи.
    1. Да се подготват, објават, усвојат и имплементираат соодветни планови за управување со животна средина и социјалните аспекти (ПУЖССА) или други инструменти потребни за спроведување на соодветните активности на Проектот засновани врз процесот на проценка, во согласност со ЕСС, РУЖССП, вклучително и спречување и контрола на  инфекции и планови за управување со отпад (СКИ & ПУО), како и релевантни добри меѓународни индустриски практики (ДМИП), вклучувајќи ги земјите-членки и техничкото упатство на СЗО за справување со кризата предизвикана од Коронавирусот (Ковид-19), како и Упатствата на СЗО за безбедно управување со отпадот од активности за здравствена заштита, на начин што е во согласност со ЕСС и прифатлив за Банката.
    2. Да се вклучат релевантните аспекти на овој ППЖССП, вклучително, меѓу другото, и сите планови за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА), контрола на  инфекции и планови за управување со отпад и/или други инструменти, барања во согласност со ЕСС2 и сите други дополнителни потребни мерки за управување со животната средина, социјалното, здравственото и безбедносното работење (ЖССЗБ), наведени во спецификациите на ЖССЗБ кои се составен дел од документите за набавки и договорите со изведувачите и надзорните фирми. Притоа, исто така, да се осигури дека изведувачите и надзорните фирми ги исполнуваат таквите спецификации наведени во рамките на нивните договори.

 

  1. РУЖССП ќе биде финализирана, објавена и усвоена во рок од 1 месец по одобрувањето на датумот на важност на Проектот. Со одобрување на РУЖССП, Проектот ќе ги примени стандардите на СЗО, со цел справување на кризата предизвикана од Ковид-19 на начин што е во согласност со ЕСС1. Потребно е да се спроведе проценка пред извршувањето на релевантните активности на Проектот.

 

  1. Пред извршување на релевантните активности на Проектот, а потоа и во текот на извршувањето на ваквите активности.

 

 

  1. Пред да се започне постапката за набавка на релевантните активности на Проектот, а потоа и во текот на спроведувањето на ваквите активности.

МЗ и МТСП преку својата Единица за управување со проектот (ЕУП)

 

 

МАТЕРИЈАЛНИ МЕРКИ И АКТИВНОСТИ   

ВРЕМЕНСКА РАМКА 

ОДГОВОРНО ЛИЦЕ/ОРГАН  

1.3

ИСКЛУЧОЦИ: Активности што не се подобни за финансирање во рамките на овој Проект се следниве:

  • Активности што можат да имаат значително негативни социјални влијанија и можат да предизвикаат значителен социјален конфликт;
  • Активности што можат да предизвикаат долгорочни, трајни и/или неповратни негативни влијанија врз животната средина (на пр., губење на главните природни живеалишта);
  • Сите останати исклучени активности утврдени согласно РУЖССП на Проектот.

Во текот на процесот на проценка спроведена во рамките на активноста 1.2.а. наведена погоре

МЗ и МТСП преку својата Единица за управување со проектот (ЕУП)

ЕСС2:  ТРУД И РАБОТНИ УСЛОВИ   

2.1

ПОСТАПКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РАБОТНАТА СИЛА: Проектот да се спроведе во согласност со применливите барања на ЕСС2, на начин прифатлив за Банката, вклучително, меѓу другото, и спроведување на соодветните мерки за безбедност и здравје при работа (вклучително и мерки за подготвеност и справување со кризата), поставување на механизми за поднесување на поплаки од страна на лицата ангажирани за спроведување на Проектот и вклучување на работните барања во спецификациите на ЖССЗБкои се составен дел од документите за јавни набавки и договорите со изведувачите и фирмите за надзор. Заемокорисникот ќе донесе и ќе ги спроведе постапките за управување со работната сила, вклучувајќи ги и релевантните барања согласно ЕСС2.

Постапката за управување со работната сила како дел од РУЖССП, ќе биде финализирана во рок од 1 месец по датумот на важност на Проектот и ќе биде усвоена пред почетокот на спроведувањето на релевантните активности на Проектот, доколку ги има. Сите мерки од активноста 2.1 да се имплементираат во текот на периодот предвиден за реализација на Проектот.    

МЗ и МТСП преку својата Единица за управување со проектот (ЕУП)

ЕСС 3:  ЕФИКАСНОСТ НА РЕСУРСИТЕ И СПРЕЧУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ЗАГАДУВАЊЕТО

 

Да се разгледаат релевантните аспекти на овој стандард, доколку е потребно, во рамките на активноста 1.2 наведена погоре, вклучително, меѓу другото, и спроведување на мерки за управување со отпадот од активностите за здравствената заштита и други видови на опасен и неопасен отпад.

ЕСС 4:  ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ НА ЗАЕДНИЦАТА

 

Да се разгледаат релевантните аспекти на овој стандард, доколку е потребно, во рамките на активноста 1.2 наведена погоре, вклучително, меѓу другото, и спроведување на мерки за минимизирање на потенцијалот за изложеност на заедницата на заразни болести, да се осигури пристап до придобивките за развој што произлегуваат од Проектот на одредени поединци или групи кои, заради нивните посебни околности, можеби се обесправени или ранливи, да се управува со ризиците настанати поради употреба на безбедносен персонал, да се управува со ризиците од прилив на работна сила, и да се спречи и соодветно одговори на сексуалната експлоатација и злоупотреба и сексуалното вознемирување.

ЕСС 5:  ОТКУП НА ЗЕМЈИШТЕ, ОГРАНИЧУВАЊА НА УПОТРЕБАТА НА ЗЕМЈИШТЕ И НЕДОБРОВОЛНО ПРЕСЕЛУВАЊЕ

 

Не е релевантно

 

 

ЕСС 6:  ЗАЧУВУВАЊЕ НА БИОЛОШКАТА РАЗНОВИДНОСТ И ОДРЖЛИВО УПРАВУВАЊЕ СО ЖИВИ ПРИРОДНИ РЕСУРСИ

 

Не е релевантно

ЕСС 7: ЛОКАЛНО НАСЕЛЕНИЕ/ИСТОРИСКИ НЕЗАШТИТЕНИ ТРАДИЦИОНАЛНИ ЛОКАЛНИ ЗАЕДНИЦИ ОД СУПСАХАРСКА АФРИКА

 

Не е релевантно

ЕСС 8: КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

 

Не е релевантно

ЕСС 9: ФИНАНСИСКИ ПОСРЕДНИЦИ

 

Не е релевантно

ЕСС 10: ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ И ОБЈАВУВАЊЕ ИНФОРМАЦИИ

10.1

ПЛАН ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗАСЕГНАТИТЕ СТРАНИ: Да се ажурира, објавува, усвојува и спроведува Планот за вклучување на засегнатите страни (ПВЗС) во согласност со ЕСС10, на начин што е прифатлив за Банката. 

Постојниот прелиминарен План за вклучување на засегнатите страни (ПВЗС) ќе се ажурира и повторно ќе се објави во рок од 1 месец по датумот на важност на Проектот. Притоа, ПВЗС постојано ќе се ажурира и спроведува во рамките на периодот предвиден за имплементација на Проектот.

МЗ и МТСП преку својата Единица за управување со проектот (ЕУП) 

10.2

МЕХАНИЗАМ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОПЛАКИ: Механизмите за поднесување на поплаки да бидат јавно достапни, со цел да се пронајдат соодветни решенија за загриженоста и поплаките во врска со Проектот, во согласност со ЕСС10, на начин прифатлив за Здружението.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

МПП ќе се ажурира во рамките на ПВЗС и ќе се воспостават технологии како што се телефонски повици во рок од 1 месец по датумот на важност на Проектот.

МЗ и МТСП преку својата Единица за управување со проектот (ЕУП)

ПОДДРШКА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТ (ОБУКА)

 

Темите за обука за персоналот вклучен во имплементацијата на Проектот, меѓу другото го вклучуваат и следново:

  • Теми за обука на земјите-членки на СЗО согласно Техничкото упатство за справување со кризата предизвикана од коронавирусот (КОВИД-19) https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/technical-guidance вклучувајќи, но не ограничувајќи се на:
    • Препораки за спречување и контрола на инфекции предизвикани од Ковид-19
    • Упатство за лабараториско испитување на Ковид-19
    • Прибирање и испорака на примероци
    • Стандардни мерки на претпазливост кај пациенти со Ковид-19
    • Комуникација меѓу засегнатите страни во состојба на ризици и ангажманот на заедницата
    • Воведување на карантин
  • Теми за обука согласно Упатствата на СЗО за безбедно управување со отпадот од активности на здравствена заштита: https://apps.who.int/iris/bitstream/handle/10665/85349/9789241548564_eng.pdf;jsessionid=EE45FF4B510A5297A7DFF6030A3BED25?sequence=1 
  • Регулативи и норми за превенција од пренесување на вирусот Ковид-19

Во текот на имплементацијата на Проектот.

МЗ и МТСП преку својата Единица за управување со проектот (ЕУП)

 

 

 

Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }