Надлежности на Советот за социјална сигурност
Согласно став (2) на член 117-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ“ бр. 160/14), Советот за социјална сигурност ги има следниве надлежности:
1) ги следи, проучува и оценува влијанието на мерките на економската и социјалната политика врз социјалната положба на корисниците на пензија;
2) ги разгледува ефектите од имплементација на законите и проектите за пензионерите и предлага мерки и активности за подобрување на стандардот на корисниците на пензија до Владата на Република Македонија;
3) дава мислења по предлози на закони од областа на социјалното осигурување и социјалната заштита и
4) дава мислења и предлози на министерот за труд и социјална политика во врска со прашања утврдени со овој закон.
Главна цел за основање на Советот за социјална сигурност е заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија се основа Совет за социјална сигурност.
Членови на Советот за социјална сигурност
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на РМ“ бр. 160/14), а со цел заштита и промоција на социјалните права и интереси на корисниците на пензија и преземање на мерки за унапредување на социјалната положба и интеграција и подобрување на животниот стандард на корисниците на пензија се основа Совет за социјална сигурност.
Согласно став (1) на член 117-б од горенавдениот закон, членовите на Советот за социјална сигурност ги именува министерот за труд и социјална политика за време од четири години, и тоа три члена на предлог од Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија и по еден член на предлог од останатите институции.
Во согласност со наведената одредба, (1)за членови на Советот на социјална сигурност се именувани следните лица:
- Станка Трајкова – Сојуз на здруженија на пензионери на Северна Македонија;
- Д.р Стојанче Стефановски - Сојуз на здруженија на пензионери на Северна Македонија;
- М.р Илија Адамоски - Сојуз на здруженија на пензионери на Северна Македонија;
- Фарук Ајрулаху – Министерство за труд и социјална политика;
- Дејан Д. Николовски – Министерство за здравство;
- Филиз Мехмед – Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија;
- Даниела Јовческа - Ѓуровска - Фонд за здравствено осигурување на Северна Македонија;
- Виктор Лазароски – Министерство за финансии;
- Ќемал Ибраими – Министерство за економија;
- Љупка Петковска – Црвен крст на Република Северна Македонија;
- Сандра Поповска – Канцеларија на претседателот на Владата на Република Северна Македонија;
- Ментор Јакупи – Агенција за супервизија на капитално финансирано пезиско осигурување;
- Маријан Николовски – Триглав пензиско друштво АД Скопје;
- Мира Шекутковска – Сава пензиско друштво АД Скопје, и
- Весна Стојановска – КБ прво пензиско друштво АД Скопје.
(2) Членовите на Комисијата од точка 1 на ова решение се именуваат за време од една година сметано од денот на донесување на решението.
(3) Административно техничките работи на Советот за социјална сигурност ќе ги врши Даниела Павлова – советник во секторот за пензиското и инвалидското осигурување при Министерството за труд и социјална политика.
(4) По еден примерок од решението да се достави до членовите на комисијата.
(5) Решението влегува во сила со денот на донесувањето.