28.2.2020

МТСП: Згрижувачките семејства добија 30 отсто повисок надоместок, го унапредуваме квалитетот на грижа за секое дете 

Министерството за труд и социјална политика продолжува со активности за подобрување на положбата на децата без родители и родителска грижа и унапредување на квалитетот на заштитата во згрижувачките семејства, како облик кој е најблизок до семејниот, согласно стратешката определба дека на секое дете му е потребно семејство.

Повеќе

28.2.2020

Мерката за субвенционирање придонеси ја користат 22 илјади компании, покачени се платите на 119 илјади вработени - Вицепремиерката Царовска, министерот Хасан, дополнителната заменичка министерка Шкријељ и директорката Лукаревска во посета на компанијата Босут 

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за економски прашања, Мила Царовска, министерот за странски инвестиции Елвин Хасан, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска ја посетија компанијата Босут од Куманово, која произведува ХТЗ опрема и која е корисник на мерката за субвенционирање на придонеси во случај на зголемени плати за вработените, како и на мерките од Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Повеќе

26.2.2020

Економско-социјалниот совет ја одржа 57. седница

Во Министерството за труд и социјална политика се одржа 57. седница на Економско - социјалниот совет (ЕСС), со која претседаваше заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.  На седницата беа разгледани Седмиот извештај за ревидираната Европска социјална повелба, Годишната програма за работа на ЕСС за 2020 и  Информацијата за работењето на ЕСС во 2019 година.

Повеќе

25.2.2020

Царовска, Бајрактар и Шкријељ: Драчево добива нова градинка за 125 деца, инвестираме во квалитетно предучилишно образование

Нова, енергетски ефикасна градинка се гради во Драчево, во општина Кисела Вода. Градинката е наменета за 125 деца, од сите возрасни групи. Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски направија увид во градежните работи што се изведуваат за дополнителниот објект за предучилишно образование.

Повеќе

24.2.2020

Бајрактар и Шкријељ: Канцеларија за социјални работи во Синѓелиќ за полесен пристап до услуги за 20.000 граѓани

Во Канцеларијата за социјални работи во населеното место Сингелиќ 20.000 граѓани ќе можат поедноставно да ги оставарат правата од социјална заштита. Канцеларијата е дел од мрежата на канцеларии што Министерството за труд и социјална политика ги отвора во соработка со општините, за да ги доближи социјалните услуги до граѓаните. Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски денеска ја посетија канцеларијата и одговараа на прашања на граѓаните.  

Повеќе

20.2.2020

Шкријељ: Градинка за 120 деца во Ресен, децата ни се врвен приоритет

Ресен добива градинка за 120 деца. Вкупната вредност на зафатот е 22,4 милиони денари. Средствата се обезбедени со поддршка на Светска банка. Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски направија увид во адаптацијата на градинката.

Повеќе

19.2.2020

Царовска, Шкријељ и Наумоски: Ѓорче Петров ќе добие нова градинка, силно инвестираме во раниот детски развој

Континуирано го зголемуваме опфатот на деца во предучилишните форми на воспитување и образование.  Тоа е висок приоритет на Министерството за труд и социјална политика и Владата затоа што раното учење игра клучна улога во развојот на децата. Тоа е важно и од друг аспект – овозможува родителите да се активираат на пазарот на труд. Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Наумоски, беа на градилиштето каде за година и половина ќе биде завршена новата градинка во населеното место Волково.  

Повеќе

18.2.2020

Бајрактар и Шкријељ во Центар Жупа: Услугите од социјална и детска заштита ги доближивме до граѓаните 

Заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменик-министерка, Санела Шкријељ заедно со градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибраим и директорот на Центарот за социјална работа, Крешник Пачуку ја посетија канцеларијатa за социјални работи во општината.

Повеќе

18.2.2020

Шкријељ: Градиме едно општество за сите, на лицата без лични документи законски им обезбедуваме права како на сите други граѓани, ќе добијат прв извод 

Го решаваме долгогодишниот проблем на лицата без лични документи. Со Законот за неевидентирани лица во матична книга на родени, што го усвои Собранието, обезбедена е институционално-правна рамка за тие конечно да добијат граѓански идентитет. Целта на овој закон е лицата кои не се евидентирани во матична книга на родени. да се евидентираат во посебна матична книга на родени, по што ќе добијат идентификациона исправа(лична карта) заради остварување на право на образование, здравствена и социјална заштита како и вработување со задолжително социјално осигурување. За овие лица, Законот предвидува постапка за дополнителен упис во матична книга на родените и добивање на прв извод. 

Повеќе

17.2.2020

Шкријељ: Водиме одговорни политики, пензионерите добија повисока пензија за 722 денари

Јануарската пензија е повисока за 722 денари месечно, а ова зголемување влегува во основицата на пензијата што ќе се исплатува секој месец. И не е само зголемувањето на пензиите тоа што покажува дека пензионерите ни се високо на агендата. Изминативе две и пол години напорно работевме, ја покренавме економијата а резултатите можат да ги почувствуваат и повозрасните членови на нашата заедница, рече дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ на денешната средба со пензионерите во Велес.

Повеќе

13.2.2020

Министерката Мизрахи во посета на Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, го посети Заводот за рехабилитација на деца и младинци во Скопје. На средбата со директорот Фатмир Ејупи и вработените во институцијата, министерката се запозна со сите проблеми и предизвици со кои Заводот се соочува во обезбедување на  дневно и интернатско згрижување на лица со умерени и тешки пречки во интелектуалниот развој.

Повеќе

11.2.2020

Прес конференција на министерката Мизрахи

На денешната прес конференција ќе го обелодениме криминалното самоволие на поранешната министерка за труд и социјална политика Мила Царовска и нејзините лицемерни политики за грижа во социјалната политика.

Повеќе

10.2.2020

Унапредување на соработката

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, денеска оствари  состанок со претставникот на УНИЦЕФ, г-ѓа Патриција Ди Џовани. На состанокот министерката се запозна со проектите и програмата која канцеларијата на УНИЦЕФ ги работи, како и за унапредување на соработката со Министерството за труд и социјална политика на сите полиња.

Повеќе

10.2.2020

Срца полни љубов

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, во Крушево ги посети семејството Теља и семејството Христовски кои се згрижувачки семејства на деца и лица со посебни потреби. 

Повеќе

10.2.2020

Изјава

Јас не ја игнорирам реалноста, но нема да дозволам создавање на нова реалност. Демократско право, но и морална обврска на секој граѓанин е кога ќе види неправда и да реагира по истата. 

Повеќе

7.2.2020

Поддршка во борбата против поделбите и сеграгација во општеството по сите основи

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со Амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние. На средбата се разговараше и се даде целосна поддршка во борбата против поделбите и сегрегација во општеството по основ на религија, етничка припадност и останати основи. Амбасадорот на Франција, се интересираше за функционирањето на администрацијата за време на техничката влада, како и за ефикасноста на Пржинскиот договор на влада за организирање на фер и демократски избори и за потребата за негово унапредување.

Повеќе

7.2.2020

Зголемена координација и соработка со донаторите за ефективно искористување на помошта

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со Никола Бертолини, од Делегацијата на Европската Унија во Скопје. На средбата се разговараше за потребата од заедничка соработка за успешно спроведување на проектите финансирани од ИПА програмата на ЕУ за подобрување на квалитетот и достапноста на предучилишноо образование и грижа за децата, подобрување на условите на паарот на труд и социјалниот дијалог, деинституционализација на лицата со попреченост и социјално вклучување на Ромите.

Повеќе

6.2.2020

Прес конференција на министерката Мизрахи

По остварената средба со преставници на лицата кои до 18 години имале статус на деца  без родители и без родителска грижа, се заложив како министер да направам се што е во рамки на моите надлежности за исправување на “неправадата“ која им е нанесена.

Повеќе

6.2.2020

Министерката Мизрахи во посета на семејството Наумовски чиј дом изгоре во пожар

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи заедно со директорката на Центарот за социјални работи на град Скопје, Наташа Станојевиќ го посетија семејството Наумовски и нивниот опожарен дом во Ѓорче Петров. Тие се сретнаа со Љубе Наумовски и разговараа за начинот на кој Министерството и Центарот за социјални работи можат да му помогнат на семејството кое се соочи со голема трагедија. 

Повеќе

6.2.2020

Децата се најголемо богатство! 

Денеска го посетив семејството Комненови затоа што ние како министерство за труд и јас како министер се грижиме за ова многудетно семејство, кои живеат во лоши услови. Среќна сум кога ќе видам семејство што има многу деца, кога ќе видам исполнета куќа со џагор, смеа и среќа. Децата се наше најголемото богатство и сите ние како индивидуи треба да се грижиме за нив.

Повеќе

6.2.2020

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита  

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на долунаведените права за месец 01/2020 година:

Повеќе

4.2,2020

Достоинствена работа за секој вработен

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со координаторот на Меѓународната организација на трудот во Македонија Емил Крстановски и проектниот координатор Наташа Мечкароска-Силјаноска.

Повеќе

3.2.2020

Средба на министерката Мизрахи со Здружението на млади правници и СОС Детско село 

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со претставниците на Здржението на млади правници и СОС детско село за продолжување на соработката на проектот “Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела„.

Повеќе

3.2.2020

Средба на министерката Мизрахи со генералниот секретар на Црвен Крст Саити

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со генералниот секретар на Црвениот крст, г-дин Саит Саити.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->