30.05.2020

МТСП: Исплата на паричната помош од социјална  и детска заштита од вторник, во три групи

Паричните права од социјална и детска заштита за месец мај ќе бидат предвреме исплатени. Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека почнувајќи од вторник (02 јуни)  ќе се врши етапна исплата на гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, надоместок за помош и нега од друго лице, надоместок на плата за скратено работно време,  додаток за домување и на траен надоместок. 

Повеќе

29.05.2020

МТСП: Исплатен младинскиот додаток за април, за пет месеци над 45 милиони денари поддршка за младите вработени во производствени дејности

Министерството за труд и социјална политика и Агeнцијата за вработување информираат дека е извршена исплата на младински додаток за месец април. На личните сметки на 2.759 млади лица се префрлени над 8,9 милиони денари додаток на плата. Младите секогаш се во фокусот при креирањето и имплементацијата на политиките  на Владата на Република Северна Македонија. Поддршката на младите до 23 години кои засновале работен однос во прозводствени дејности се реализира преку имплементација на Законот за младински додаток.

Повеќе

29.05.2020

МТСП: Обезбедени 658 пакети со храна за жртви на семејно насилство

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје обезбеди 658 пакети со храна како итен одговор и поддршка за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од КОВИД-19. Поддршката е наменета за 329 регистрирани жртви на семејно насилство, за кои во месеците мај и јуни се обезбедени пакети со храна. Дистрибуцијата се врши преку Републичкиот Црвен Крст и Центрите за социјална работа за да стигне до оние на кои помошта им е најпотребна.

Повеќе

28.05.2020

МТСП: Продолжуваме со грижата за најмладите, за 24.461 дете исплатен образовен додаток

Министерството за труд и социјална политика информира дека е извршена исплата на додатокот за образование, за третиот мерен период, за 24.461 дете.

Повеќе

28.05.2020

МТСП: Парична помош за сите невработени кои имале прекин на работен однос во периодот од 11 март до 30 април 

Работниците кои поради коронакризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат брзо да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност. Тие ќе добиваат паричен надоместок преку Агенцијата за вработување во времетраење од два месеца. Надоместок ќе добиваат невработените лица  на кои работниот однос им престанал во периодот од 11 март до 30 април 2020 година.

Повеќе

26.05.2020

МТСП: Од утре почнува исплатата на мајските пензии

Над 320.000 пензионери ќе ја добијат предвреме мајската пензија. Почнувајќи од утре, 27 мај, ќе почне етапната исплата на мајската пензија. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките, за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијат

Повеќе
25.05.2020

МТСП: Се грижиме за пензионерите, над 320 илјади пензии ќе бидат исплатени предвреме и етапно

Исплатата на мајските пензии почнува од среда, 27 мај. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што ја реализираме втор месец, овозможуваме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе

22.05.2020

МТСП: Мајките да бидат спокојни, породилното отсуство им трае до завршувањето на времените мерки, заштитата на децата ни е приоритет 

Мајките кои се на породилно отсуство треба да бидат спокојни - се додека траат времените мерки тие не мора да се вратат на работа. За да се обезбеди заштита и грижа за децата, Владата на Република Северна Македонија донесена  Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи (“Сл. весник на РСМ” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено надоместокот на плата за  отсуство од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство  и посвојување, да продолжи да се исплаќа  до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот КОВИД-19.

Повеќе
18.05.2020

Бајрактар и Шкријељ во Студеничани: Со социјалната реформа ги приближуваме социјалните услуги до граѓаните, се грижиме за сите подеднакво

Владата на Република Северна Македонија посветува посебно внимание на семејствата на кои им е потребна социјална поддршка. Во услови на пандемија, од исклучителна важност е успешното справување со последиците на коронакризата и заштита на граѓаните, посебно на најранливите меѓу нас, рече заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар, при посетата на новата Канцеларија за социјални работи во општина Студеничани заедно со дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ и градоначалникот Азем Садики.

Повеќе

15.05.2020

Законот за спречување и заштита од дискриминација беше победа за сите граѓани и еднаквоста, МТСП останува посветено на борбата за слободен и достоинствен живот и почитување на различностите

Усвојувањето на Законот за заштита и спречување на дискриминација беше победа за сите граѓани и еднаквоста. Заложбата на Министерството за труд и социјална политика беше не само да се изготви закон усогласен со ЕУ директивите и меѓународните стандарди туку навистина да овозможува еднакви права за сите и ефикасна заштита од дискриминација. Со овој закон се овозможува еднаква заштита и достоинствен живот за сите граѓани и граѓанки на Република Северна Македонија.

Повеќе

15.5.2020

МТСП: Отвораме работни места и во криза, подржани се 1.223 нови вработувања со над 236 милиони денари грантови и субвенции за плати 

Активните мерки за вработување отвораат работни места и во услови на здравствено-економска криза предизвикана од КОВИД-19. Со финансиска помош за вработување на невработени лица во висина од над 236 милиони денари подржани се 1.223 нови вработувања. Оперативниот план за вработување и во овие исклучително тешки услови се покажува како функционална рамка за отворање нови работни места која успешно го ублажува ударот на кризата и го олеснува опоравувањето на економијата.

Повеќе

13.05.2020

Националниот сојуз на глуви и наглуви обезбеди заштитни маски за членовите на здруженијата со поддршка на Министерството за труд и социјална политика

Националниот Сојуз на глуви и наглуви на Република Северна Македонија(НСГНРСМ) обезбеди голема количина на заштитни маски за повеќекратна употреба за глувите и наглуви лица во државата. Сите маски се со испечатено лого на НСГНРСМ, со цел маските да ги употребуваат само лицата за кои се наменети, а тоа се глувите и наглуви лица во државата. Маските се набавени  со средствата од редовните дотации на Министерството за труд и социјална политика за Националниот Сојуз на глуви и наглуви.

Повеќе

11.05.2020

МТСП: Охрабри се, пријави го насилникот!

Пандемијата на КОВИД 19 отвори многу прашања на општественото живеење, меѓу кои неизбежно е прашањето дали во услови на изолација, некои се поранливи од останатите? Сите се соочуваме со големи психолошки предизвици преку изолација или карантин, но жените, а понекогаш и децата во небезбедни домови се соочуваат со зголемен ризик од насилство. Затоа, посветуваме особено внимание на ова прашање и ги прошируваме нашите активности за да ги заштитиме жените и децата од секаков облик на насилство.

Повеќе

8.05.2020

МТСП: Обезбедени 1.860 пакети со храна и хигиенски продукти за еднородителски семејства корисници на социјална помош, жртви на семејно насилство и шелтер центри  

Министерството за труд и социјална политика во соработка со UN Women - Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените и финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида, обезбеди 1.860 пакети со храна и хигиенски продукти за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од КОВИД-19. Поддршката е наменета за 368 еднородителски семејства корисници на гарантирана минимална помош, од кои најголемиот процент (95%) се жени; 329 регистрирани жртви на семејно насилство; како и за шелтерите и кризните центри за жртвите на родово-базирано насилство во целата земја. Дистрибуцијата ќе се изврши преку републичкиот Црвен Крст и Центрите за социјална работа за да стигне до оние на кои помошта им е најпотребна.

Повеќе

5.05.2020

МТСП со кампања за превенција и заштита од семејно насилство: Охрабри се, пријави го насилникот!

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје,  подготви  кампања за превенција и заштита од  семејно насилство во вонредна состојба COVID-19 преку која жртвите на семејно насилство но и целата јавност се информираат за препознавање на сите  формите на семејно насилство, каде да се обратат и пријават  за помош и кои се постоечките сервиси  за заштита на жртвите на семејно насилство.

Повеќе

4.05.2020

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец 04/2020 година

Повеќе

2.05.2020

МТСП: Од понеделник етапна исплата на паричната помош од социјална и детска заштита на шалтерите на банките

Министерството за труд и социјална политика ги известува корисниците на права на парична помош од социјална и детска заштита дека почнувајќи од понеделник (04 мај)  ќе се врши етапна исплата на паричната помош на шалтерите на банките, по дефиниран редослед по азбучен ред според почетната буква од презимето

Повеќе

1.05.2020

МТСП: Наша должност е да создаваме услови да може од трудот да се живее чесно и достоинствено

Први мај е празник на трудот, но и симбол на солидарноста на работништвото во борбата за еден поубав свет. Тоа се иделите за кои голем број борци за слобода, правда и еднаквост ги дале животите. На денот кога си го честитаме овој празник се сеќаваме и на нив и им оддаваме признание.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->