30.6.2020

Царовска и Шкријељ на средба со Сојузот на здруженија на пензионери –Стабилизиран пензискиот систем, во 2020 година 324 илјади пензионери земаатсекој месец пензии поголеми за 722 денари

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, МилаЦаровска, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика,Санела Шкријељ и градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, се сретнаасо претставници на Сојузот на здруженијата на пензионери и пензионерите одопштина Центар, како и со претставници на граѓанската организација „Хуманост“.На средбата, која се одржа во ботаничката градина на ООУ „Киро Глигоров“, седискутираше за сето она што е направено во изминатите неколку години запензионерите и возрасните лица, како многу значајна група граѓани во општеството,како и за актуелните предизвици кои се појавија во кризата предизвикана одпандемијата на коронавирусот Ковид 19 и планираните идни чекори за грижата наоваа бројна категорија.

Повеќе
29.06.2020

Царовска и Шкријељ на средба со „Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија“- Владата докажа дека создава едно општество за сите

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања, Мила Царовска и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денес, на годишнината од одржувањето на првата „Парада на гордоста“  во Скопје, одржаа работен состанок со преставници на „Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфорбија“.

Повеќе

26.6.2020

Спасовски, Бајрактар и Шкријељ од Ѓорче Петров: Секое дете заслужува шанса за правилен детски развој и заштита, само за две години се изградија, се обновија и реновираа повеќе од 70 објекти, градинки и детски центри во целата држава, во градовите, но и во руралните средини   

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменикот министер за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ денеска извршија увид во градежните работи на нова, енергетски ефикасна градинка во Волково, Општина Ѓорче Петров.

Повеќе

25.6.2020

МТСП: Над 320 илјади пензионери ќе ја добијат јунската пензија предвреме, етапната исплата почнува од утре

Утре, 26 јуни, почнува исплатата на јунските пензии. Со цел да овозможиме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19, и оваа исплата на пензии ќе се одвива етапно.

Повеќе

25.6.2020

Царовска, Бајрактар и Шкријељ: Реновиран домот „11 Октомври“, се трансформира во Центар за поддршка на згрижувачките семејства

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со заменикот министер за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар и дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ, денес извршија увид во завршните работи на реновирањето на просториите на детскиот дом „11 Октомври“,  каде што ќе биде сместен регионалниот Центар за поддршка на згрижувачките семејства.

Повеќе

24.6.2020

Царовска, Шкријељ и Богоев: Инвестираме во објекти за квалитетно згрижување на децата и ран детски развој

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ и градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, денес извршија работна посета на новата градинка изградена во населбата Бардовци.

Повеќе

23.6.2020

Царовска и Шкријељ: Соработката со граѓанските организации е исклучително важна во услови на криза, партнерски ги совладуваме предизвиците

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денес одржаа состанок со претставници на граѓанските организации од Охрид и регионот. На состанокот се дискутираше за спроведувањето на мерките и препораките на Владата во делот на времените мерки и испораката на услуги кон особено ранливите групи.

Повеќе

23.06.2020

Царовска и Шкријељ во Охрид: Пензиите се сигурни, исплатите се редовни, одговорно се грижиме за пензионерите

Пензионерите се сигурни – пензиите ги добиваат предвреме а пензискиот систем е стабилен. Во секоја пензија што се исплатуваше изминатите месеци беше вградено и јануарското покачување. Не дозволивме ниту здравствено-економската криза да се одрази на стандардот на повозрасните членови на нашата заедница, нивните месечни приходи редовно пристигнуваат. Заменичката на претседателот на Владата за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ денеска се сретнаа со пензионерите од Охрид и разговараа за актуелната состојба и прашањата поврзани со натамошната реформа на социјалната заштита.

Повеќе

22.6.2020

Бајрактар и Шкријељ во Крива Паланка: Инвестиравме во 44 градинки, вложувањето во еднаков почеток и развој на секое дете ни е приоритет

Градинката во Крива Паланка ќе се надгради за уште еден кат, со што ќе се прошири капацитетот на објектот за згрижување за околу 100 деца. Проектот се реализира со грант од Светска банка а Министерството за труд и социјална политика обезбеди дополнителни средства за комплетно опремување на целиот објект, изјави заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, кој заедно со премиерот Оливер Спасовски и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ го посетија клон – 2 на градинката „Детелинка“.

Повеќе

20.6.2020

МТСП: Ослободување од работа и работни активности за мајките чие породилно отсуство завршило во периодот од 11 до 17 март 2020

Мајките чие породилно отсуство завршило по отпочнување на времените мерки, од 11.03.2020, а пред почнување на вонредната состојба, до 17.03.2020 ќе бидат ослободени од работа и работни активности. 

Повеќе

18.6.2020

Драчево ќе добие нова градинка, инвестираме во раниот детски развој и искоренувањето на детската сиромаштија

Министерството за труд и социјална политика ги продолжува капиталните проекти. Во Драчево, општина Кисела Вода, во тек е изградбата на нова, енергетски ефикасна градинка, наменета за 125 деца. 

Повеќе
18.06.2020

МТСП: Ги јакнеме згрижувачките семејства, најдобар интерес за секое дете е да расте во семејна средина

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) континуирано го унапредува згрижувањето и ги јакне згрижувачките семејства, како најадекватна форма за грижа за децата без родители или без родителска грижа. Денес започна онлајн обуката за јакнење на капацитетот на системот за социјална заштита за проценка, подготовка и континуиран развој и поддршка на згрижувачките семејства. 

Повеќе
16.06.2020

Шкријељ: Сите што останале без работа од 11 март до 30 април, да аплицираат за паричен надоместок во Агенцијата за вработување

Оние што останале без работа во пикот на коронакризата, независно од времето поминато во работен однос, можат брзо да дојдат до помош за полесно да го премостат периодот на невработеност. Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, апелираше до лицата кои потпишале спогодбен отказ или дале лична изјава за прекин на работниот однос, да аплицираат во Агенцијата за вработување до 26 јуни.

Повеќе
04.06.2020

МТСП: Петок, 5 јуни е неработен ден за сите граѓани    

Министерството за труд и социјална политика информира дека 5 јуни(петок) е неработен ден за сите граѓани во Република Северна Македонија. Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 3 јуни 2020 година го определи 5 јуни за неработен ден за сите граѓани со цел обезбедување целосна координација на активностите насочени кон спречување на внесување и ширење на коронавирус COVID-19.

Повеќе
03.06.2020

Исплатени над 156 милиони денари на невработени лица корисници на паричен надоместок и стечајци, за месец мај

Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување информираат дека на 16.012 невработени лица корисници на паричен надоместок и стечајци исплатени се 156.649.277 денари за месец мај. 

Повеќе

3.06.2020

МТСП и Канцеларијата на УНИЦЕФ обезбедија 500 пакети со дидактички материјали за деца со попреченост

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Канцеларијата на УНИЦЕФ обезбеди 500 пакети со дидактички материјали за децата со попреченост кои посетуваат Дневни центри  во 30 општини во државата и за децата со попреченост кои беа опфатени со процесот на деинституционализација и кои продолжија да живеат во мали групни домови во Демир Капија, Неготино, Битола и Скопје.

Повеќе
02.06.2020

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец мај, 2020 година

Повеќе

1.06.2020

МТСП: Мерката за ослободување од работа на хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители и другите ранливи категории граѓани, продолжува да важи

Министерството за труд и социјална политика информира дека хронично болните лица, родителите на дете до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои користат дневен центар, лицата кои одат на работа со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, се ослободени од работа или доколку има можност да работат од дома.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->