27.7.2020

МТСП: Се грижиме за пензионерите, над 320 илјади пензии ќе бидат исплатени предвреме и етапно

Исплатата на пензии за месец јули почнува од вторник, 28 јули. Со предвремена и етапна исплата на пензиите, што ја реализираме четврти  месец по ред, овозможуваме поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19

Повеќе

23.7.2020

Северна Македонија е избрана за членка на Комисијата за социјален развој на Организацијата на Обединетите нации за периодот 2020 – 2024

На 21 јули 2020 година, земјите членки на Економско-социјалниот комитет на Обединетите нации (ЕКОСОК) со акламација ја избраа Република Северна Македонија за членка на Комисијата за социјален развој на Организацијата на Обединетите нации, за периодот 2020 – 2024 година.

Повеќе
22.07.2020

МТСП: Со граѓанските организации и инспекторатите го координираме спроведувањето на мерките за справување со кризата 

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања Мила Царовска и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ одржаа редовен координативен состанок со граѓанските организации и со претставници на инспекторатите.

Повеќе
Соопштение

Министерството за труд и социјална политика информира дека стручните служби и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Охрид постапуваат во врска со случајот на 11 годишното дете со церебрална парализа. За детето е обезбедена соодветна грижа и сместување во мал групен дом. 

Повеќе
21.07.2020

МТСП: Продолженото породилно отсуство трае се до завршувањето на времените мерки

Министерството за труд и социјална политика информира дека на работничките кои се на продолжено породилно отсуство, платеното отсуство им трае се додека траат времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19.

Повеќе

10.7.2020

МТСП: Грижата за најмладите ни е висок приоритет, исплатен образовен додаток за над 26 илјади деца, бројот на корисници континуирано расте

Министерството за труд и социјална политика информира дека е извршена исплата на додатокот за образование, за четвртиот мерен период, за 26.050 деца. Со оваа исплата, образовен додаток добија над 2.000 деца повеќе.

Повеќе

09.07.2020

Царовска и Шкријељ во посета на првиот кафе бар каде се служи на знаковен јазик - Оперативниот план за вработување не е само хартија, тоа се програми и мерки со кои се остваруваат соништата за сопствен бизнис на сите граѓани

Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, заедно со дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ, денес остварија работна посета на „O2 MR Coffee Bar“, првиот бар во Скопје и Северна Македонија,каде се служи на знаковен јазик, отворен од две лица со попреченост, со поддршка од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот.

Повеќе

06.7.2020

МТСП: Активните мерки за вработување успешни и во услови на криза, со субвенцинирање на плати досега вработени 1.346 лица

Активните програми и мерки за вработување и во услови на криза им овозможуваат на компаниите полесно да ангажираат работници. Пазарот на труд функционира и покрај економските предизвици, вработувањата не се запрени. Над илјада работни места се поддржани само со една мерка од Оперативниот план за вработување “Субвенционирање на плати“ , за која компаниите покажаа исклучителен интерес.

Повеќе

03.07.2020

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита од денес за корисниците со картички, на шалтерите на банките од понеделник

Исплатата на паричните права од социјална и детска заштита за месец јуни ќе почне од денес, 3 јули, за корисниците со дебитна картичка а од понеделник,6 јули, за корисниците кои средствата ги подигнуваат во експозитурите и филијалите на банките

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->