31.03.2020

Економско социјалниот совет ја поздрави инклузивноста на Владата во носењето на одлуките

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски присуствуваше и се обрати на редовната седница на Економско социјалниот совет составен од претставници на гранковите синдикати, членки на ССМ и на Организацијата на работодавачи, а во којшто Совет членуваат заменичката на претседателот на Владата, задолжена за економски прашања, Мила Царовска, претседателот на Економско социјалниот совет Ѓонул Бајрактар, заменик министер за труд и социјална политика, дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика, Санела Шкриељ.

Повеќе

31.03.2020

МТСП: Да се ослободат од работа лицата со попреченост кои одат со придружба

Министерството за труд и социјална политика информира дека Владата донесе заклучок со кој се задолжуваат сите државни органи и институции, им се укажува на единиците на локална самоуправа  и се препорачува на приватниот сектор, за вработените лица во овие институции и фирми кои на работа одат со придружба - потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, да бидат ослободени од одење на работа и извршување на работни активности.

Повеќе

24.03.2020

Се продолжува важноста на претходно обезбедените потврди на име на родителот корисник на мерката за ослободување од работа поради грижа за дете со навршена возраст до 10 години

Согласно Заклучокот на Владата од 25-тата седница од 21 март 2020, дека сите заклучоци, мерки, насоки и препораки во функција на преземање дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 важат до завршување на периодот на постоење на вонредна состојба

Повеќе
23.03.2020

МТСП: Компаниите со производствени капацитети да се придржуваат до препораките за заштита на работниците

Министерството за труд и социјална политика ги повикува компаниите да се придружуваат до препораките за организација на работењето затоа што заштитата на здравјето на работниците е основен услов за заштита на економијата. 

Повеќе

23.03.2020

МТСП:Формирани мобилни тимови на Црвен крст за набавки на неопходни продукти за лица во самоизолација

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека се формирани  мобилни тимови на Црвен крст  чија задача е да вршат неопходна набавка на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена за лицата во самоизолација и истите да ги достават до домовите. Мобилните тимови се составени од лица од тимовите за одговор при катастрофи и обучени лица за давање основна медицинска помош.

Повеќе

20.03.2020

МТСП: Обезбедуваме хигиенски пакети за семејствата што живеат во супстандардни услови

Министерството за труд и социјална политика информира дека во тек е дистрибуција на пакети со средства за лична хигиена и за дезинфекција за семејствата што живеат во супстандардни услови.  

Повеќе

20.03.2020

МТСП: Дополнителна листа на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како превенција од ширење на COVID-19

Министерството за здравство ја дополни листата на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како превенција од ширење на КОВИД-19:


Повеќе

19.03.2020

МТСП: Лицата во карантин сместени во депандансот во Демир Капија, обезбедени се сите потребни услови и поддршка

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека во депандансот Демир Капија, којшто се наоѓа во атарот на село Ергеле, во моментов се  сместени 11 лица за кои е потребна изолација, согласно мерките за превенција и спречување на ширење на КОВИД-19.

Повеќе

19.03.2020

МТСП: Известување за жртвите на семејно насилство

Согласно мерките и активностите за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус) донесени од Владата на Република Северна Македонија,  Министерството за труд и социјална политика  известува   дека жртвите  на семејно насилство кои имаат потреба од помош,  поддршка и заштита од семејно насилство најпрво да се јават на Националната бесплатна мобилна СОС линија за жртви на семејно насилство 070/075/077  141 700; 

Повеќе

16.03.3020

МТСП: Известување за корисниците на правото за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост 

Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус донесени од Владата на РСМ,  Министерството за труд и социјална политика  ги известува  лицата кои имаат или ќе поднесат  ново барање за надоместок за помош и нега од друго лице и надоместок за попреченост дека Комисиите за издавање на конзилијарни мислења ќе даваат конзилијарно мислење со наод, само врз основа на медицинска документација без непосреден преглед на странките. 

Повеќе

16.03.2020

МТСП: Апелираме до родителите да ги користат достапните содржини и едукативни емисии за деца од предучилишна возраст

Децата треба да го продолжат учењето и додека се дома. Една од мерките кои ги усвои Владата на Република Северна Македонија за заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење на коронавирусот е привремен прекин на воспитно – образовниот процес во државата.

Повеќе

15.03.2020

МТСП: Пунктовите за бездомни лица функционираат, во соработка со Црвен Крст се делат заштитни маски и средства за дезинфекција за бездомниците

Министерството за труд и социјална политика информира дека четирите прифатни пунктови за бездомни лица, отворени во соработка со Црвен крст, се функционални и согласно препораките на Владата делат пакувана храна, маски и гелови за дезинфекција за бездомните лица. 

Повеќе

15.03.2020

МТСП: Се одложува реализацијата на проектот бањско-климатската рекреација 

Согласно мерките за спречување на ширењето и сузбивањето на корона вирус инфекцијата, Министерството за труд и социјална политика информира дека реализацијата и спроведувањето на Проектот бањско - климатска рекреација се одложува, односно нема да се реализира во одредениот термин.За повторно упатување за користење на услугата, корисниците навремено и дополнително ќе бидат известени од страна на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија.

Повеќе

13.03.2020

МТСП: Листа на дијагнози на хронични состојби за кои важи ослободување од работа како превенција од ширење на COVID-19

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно дополнителните мерки на Владата за превенција од ширење на болеста COVID-19, следните категории на лица треба да бидат ослободени од работа и работни активности врз основа на приложена потврда од матичен лекар за следниве состојби:    

1) Хронични респираторни заболувања;    

2) Тешки кардиоваскуларни заболувања;    

3) Дијабет - ТИП1;    

4) Малигни заболувања;    

5) Имуно-компромитирачки состојби.

Повеќе

13.03.2020

Заклучоци од седница на Влада на Република Северна Македонија

Владата на Република Северна Македонија ги разгледа Записникот од состанокот на Координативното тело за прибирање и размена на информации за спровердување на мерките за спречување на појавата, раното откривање, спречување на ширењето и сузбивањето на коронавирус инфекцијата, одржан на 12 маррт 2020, со Листа на дијагнози на хронични состојби и Објаснување околку прогласување на Пандемија од Светската здравствена организација и согласно предлозите, а со цел превенција и ширање на овој вирус ги усвои заклучоците, мерки и преораки.

Повеќе

12.03.2020

МТСП: Препораките важат за сите подеднакво, апелираме до сите работодавачи да ги почитуваат 

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите работодавачи и сите вработени строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Повеќе

11.03.2020

МТСП: Отсуството од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште 

Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите вработени и сите работодавачи строго да се придружуваат до мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги донесе на седницата одржана на 10.03.2020 за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Повеќе

06.03.2020

Бајрактар: Ефективна политика против наркотиците бара мултисекторска соработка

Правото на живот и слобода, почитувањето на достоинството и еднаквоста на човековите права денес стануваат општествени начела, а интересот за положбата на децата се смета за еден од најзначајните во секое општество кое има граѓанска определба. Децата се  најчувствителниот сегмент од човековата популација, иако правно заштитени со бројни декларации и закони, и понатаму продолжуваат да бидат  исклучени во однос на задоволување на голем број егзистенцијални и развојни потреби. 

Повеќе

5.3.2020

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита  

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на правата од социјална и детска заштита за месец февруари 2020 година

Повеќе

5.3.2020

Бајрактар на 63-тата сесија на Комисијата за наркотични дроги во Виена

Заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар учествуваше во работата на 63-тата сесија на Комисијата за наркотични дроги на ОН во Виена. На сесијата, организирана од UNODC (United Nations Office on Drugs and Crime), заменик министерот Бајрактар рече дека употребата на дроги негативно се рефлектира на севкупното човечко живеење и функционирање, на индивидуален, професионален, семен и социјален план, предизвикувајќи  големи човечки страдања и загуби.

Повеќе

3.3.2020

Шкријељ: По 40 години поминати во институција, Мирсат и Васка добија свој дом, го враќаме достоинството на сите граѓани

Процесот на деинституционализација продолжува. Уште двајца корисници на Заводот за заштита и рехабилитација на лица со телесна попреченост „Бања Банско“ од Струмица ја напуштаат институцијата. За Мирсат и Васка тоа е остварување на сонот за свој дом а за Владата и МТСП ова е реализација на ветувањето дека ќе го вратиме човечкото достоинство на сите граѓани, рече дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ по заедничката посета со градоначалникот на Струмица Коста Јаневски на семејниот дом за поранешните корисниците на Заводот Бања Банско, во населеното место Добрејци, струмичко.

Повеќе

2.3.2020

Шкријељ: Нова градинка и во Лозово, овозможуваме еднакви можности за секое дете

Лозово ќе добие нова градинка. Со цел да го прошири пристапот и да го зголеми квалитетот на предучилишните услуги, Министерството за труд и социјална политика обезбеди  9,8 милиони денари за градежни работи  и 1,5 милиони денари за опрема за новата градинка. Дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ и градоначалникот на општина Лозово Ацо Велковски направија увид во градежните активности.

Повеќе

2.3.2020

Шкријељ: Направивме пресврт, воведовме социјална пензија што ја земаат над 5.000 лица, а детски додаток од 3.000 семејства претходно сега добиваат 33.000 корисници

Затекнавме систем на социјална заштита што не стигнува до оние на кои им е најпотребен, центри за социјална работа без доволно стручен кадар и долги години занемарување на најранливите и најсиромашните членови на заедницата. Ова не го кажуваме само ние, ова го потврдуваат и сите извештаи како на домашните така и на меѓународните организации. Едноставно, социјалната заштита не била приоритет, рече дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријењ во дебатната емисијата „Еу Клик“ на ТВ21.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }