30.1.2020

Средба на министерката Мизрахи со амбасадорот д-р Георг Вуцас

Министерката за труд и социјална политика д-р Рашела Мизрахи оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, д-р Георг Вуцас на која уште еднаш беа истакнати добрите односи коишто ги поврзуваат двете земји, а кои се долгогодишни и посебно истакнати во делот на поддршката на Австрија во многу проекти од областа на пазарот на трудот и социјалната заштита. 

Повеќе

29.1.2020

Грешките мора да се исправат

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска одржа средба со претставници на Деца без родители на нивно барање со запознавање со сите проблеми со кои се соочуваат Децата без родители.

Повеќе

28.1.2020

Министерката Рашела Мизрахи: „Проактивно ќе се вклучам во борбата со непријавената работа”

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи денеска учествува на Регионалната конференција: “Вработување - Нијанси на сиво во Западен Балкан”, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина како панел говорник. Конференцијата е во рамките на ИПА регионалниот проект: “Платформа за вработување и социјални прашања 2 – ЕСАП 2“, финансиран во рамките на ИПА 2 Повеќекорисничката програма имплементиран од Регионалниот совет за соработка и Меѓународната организација на трудот кој се имплементира во период ноември 2019 – октомври 2022.

Повеќе

27.1.2020

ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ!

Почитувани,

По повод Меѓународниот ден на сеќавањето на холокаустот 27 јануари, ден кој Генералното собрание на Обединетите Нации во 2005 година одлучи да им се посвети на жртвите, односно да им се оддава почит на жртвите на холокаустот, ден кога концентрациониот логор Аушвиц конечно престана да функционира, Министерството за труд и социјална политика се придружува во одбележување на тој ден со пораката: Да не се повтори! 

Повеќе

24.1.2020

Мизрахи-Сандри: МТСП и УНХЦР и понатаму ќе градат релации на соработка и поддршка 

Министерството за труд и социјална политика и Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) во нашата земја и понатаму ќе градат релации на соработка во областите во кои имаат допирни точки. Ова го констатираа министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и претставничката на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), Моника Сандри. 

Повеќе
24.1.2020

Работна средба на министерката Мизрахи со амбасадорот Ромео 

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари средба со амбасадорот на Република Италија Карло Ромео на која уште еднаш беа потврдени врските коишто ги соединуваат двете земји, а кои се долгогодишни и посебно истакнати во делот на поддршката на Италија на нашиот еврионтеграциски процес. Всушност Република Италија отсекогаш била еден од нашите главни поддржувачи на патот на интеграција кон Евроатлантските институции и тоа преку неопходниот внатрешен реформски процес. 

Повеќе

24.1.2020

Средба Мизрахи- Сахакиан: Социјалната инклузија, грижата за ранливите категории и креирањето на нови работни места и понатаму приоритет во заедничката соработка 

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи и Постојаната претставничка на Програмата за развој на ОН во државата Нарине Сахакиан на денешната работна средба ги потврдија заедничките приоритети во соработката, а тоа се грижата за ранливите категории на граѓани, социјалната инклузија и креирањето на нови работни места.

Повеќе

23.1.2020

Мизрахи-Галовеј: Зацврстување на соработката за подобрување на процесите на социјална кохезија

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на работната средба со амбасадорката на Обединетото кралство Велика Британија и Северна Ирска, нејзината екселенција Рејчел Галовеј изрази задоволство од силната поддршка што ја добива министерството со кое таа раководи од Обединетото кралство. 

Повеќе

22.1.2020

Средба: Мизрахи – Која 

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со Амбасадорот Клеменс Која, Шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

Повеќе

21.1.2020

Мизрахи: Ќе се заложам за Јордан и неговата мајка да ја добијат потребната помош 

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи го посети домот на Јордан Јованов и неговата мајка во Велес коишто во моментов живеат во загрижувачки услови. Тие веќе се вклучени во системот на социјална заштита, но понекогаш е потребно и повеќе од тоа. 

Повеќе

20.1.2020

Средба на Мизрахи со директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување Зенељи 

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување Шаип Зенељи. 

Повеќе

20.1.2020

Средба Мизрахи- Хавзиу: Доследна примена на законите и другите прописи од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа  

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со директорот на Државниот инспекторат за труд Аљајдин Хавзиу на која тој информираше за надзорот над примената на законите и другите прописи од областа на работните односи и безбедност и здравје при работа. Мизрахи од Хавзиу побара нивна доследна примена во функција на остварување на правата кои произлегуваат од работен однос и обезбедување на безбедни мерки за безбедна работа на вработените во државава.  

Повеќе

16.1.2020

Работна средба на Мизрахи и Мантованели

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со директорот на Кацеларијата на Светска банка Марко Мантованели.На средбата Мизрахи му предочила на Мантованели дека нејзин приоритет како министерка за труд и социјална политика е да продуцира процеси коишто носат до подобри услови за живот и благосостојба на граѓаните.

Повеќе

16.1.2020

Средба Мизрахи- Ди Џовани: Унапредувањето и заштитата на правата на децата се приоритет број еден 

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со претставничката на УНИЦЕФ во државава Патриција Ди Џовани. 

Повеќе

16.1.2020

Мизрахи во посета на Специјалниот завод-Демир Kапија: „Овие услови се нехумани, нечовечни!”

Министерката за труд и социјална политика ја посети Јавната установа Специјален завод -Демир Капија. Целта на посетата беше да утврди и на лице место да се увери и да види во какви услови престојуваат штитениците на Заводот. 

Повеќе

14.1.2020

Работна посета на министерката Мизрахи на ЦСР Тетово и ЦСР Гостивар 

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи е во работна посета на Центрите за социјална работа во Тетово и во Гостивар. 

Мизирахи во ЦСР Тетово оствари средба со директорот на центарот Дарко Обадиќ, а во ЦСР Гостивар со директорката Нада Величковска. 

Повеќе

13.1.2020

Министерката Мизрахи се сретна со Националниот сојуз на глуви и наглуви

Министерката за труд и социјална политика, д-р Рашела Мизрахи се сретна со поголемиот дел од членовите на Националниот сојуз за глуви и наглуви на Македонија. На средбата, која беше на иницијатива на здруженијата, се разговараше за проблемите со кои се соочуваат оваа категорија на граѓани.

Повеќе

12.1.2020

Мизрахи: „Ги охрабрувам сите врз коишто се врши мобинг да пријават во надлежните институции”

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи ги охрабрува сите оние, врз коишто е вршено мобинг на нивните работни места да се обратат до Министерството за труд и социјална политика и останатите надлежни институции. Овој незјин повик доаѓа следејќи ги написите во медиумите за случаите на мобинг врз работници од страна на градоначалникот на општина Лозово.

Повеќе

11.1.2020

МТСП преку ЦСР Скопје испрати екипи на терен кај опожарените семејства

По веста за трагичната смрт на двете малолетни деца во Шуто Оризари, министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи во рамките на нејзините надлежности испрати стручни лица на терен, се со цел навремено згрижување на семејствата чии што домови беа опожарени.

Повеќе

10.1.2020

Министерката Мизрахи во посета на семејството што настрада во пожарот

По големата трагедија што се случи во скопско Шуто Оразари, каде што во пожар кој зафати четири куќи загинаа две дечиња, министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи беше во посета на семејството при што изрази сочуство до семејството. 

Повеќе

10.1.2020

Работна средба Мизрахи-Ралповски: Социјалниот дијалог важен сегмент за унапредување на работничките права  

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи оствари работна средба со претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) Благоја Ралповски. 

Повеќе

9.1.2020

Мизрахи: 11 514 нерешени барања за надоместок за помош и нега од друго лице

Министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи на конференција за медиумите објави дека според податоците добиени од центрите за социјални работи во моментов има поднесени и нерешени 11.514 барања за надоместок за помош и нега од друго лице. 

Повеќе

3.1.2020

МТСП: Исплата на правата од социјална и детска заштита  

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека се врши исплата на долунаведените права за месец декември 2019 година:  

Повеќе

3.1.2020

Секое дете има право на безбедно и среќно детство, Владата усвои Национална стратегија и Акциски план за борба против насилство врз децата

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ги разгледа и усвои Стратегијата и Акцискиот план за превенција и заштита на децата од насилство во Република Северна Македонија. Националната стратегија (2020-2025) и Акцискиот план (2020-2022) ги претставува визијата, целите, стратешкиот пристап на Владата и активностите што треба да се преземат и унапредат при превенција и заштита на децата од сите видови на насилство. 

Повеќе

02.1.2020

МТСП објави јавен повик-10,8 милиони евра на располагање на општините за подобрување и развој на социјални услуги

Министерството за труд и социјална политика, ги повикува Општините коишто претходно на јавен повик изразија подготвеност да развиваат социјални услуги на локално ниво да се пријават на јавниот повик за финасирање на проектот за развој на услугите. Крајниот рок за доставување на понудите е 30 април годинава до 16 часот.

Повеќе
Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->