Проверка на примената на стручното знаење
Комисијата за лиценцирање на директори на установи за деца, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негуватели во системот на згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст ги информира сите директори, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негуватели заинтересирани за стекнување на соодветна лиценца, дека теоретски /практичниот дел од испитот ОВОЈ МЕСЕЦ НЕМА ДА СЕ ОДРЖИ.
Доколку некој од кандидатите не е во можност да присуствува на полагањето, Ве молиме да се јавите на тел: 02/3 106 243,
или преку e-mail: gradinki.licenci@mtsp.gov.mk
Полагањето ќе се одржи во просториите на компјутерскиот центар на Европски Универзитет Скопје на Бул."Климент Охридски" бр.68, 1000 Скопје.
Jавен повик за обука на директори во установи за деца
Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на обука за директори на установи за деца како и заинтересираните лица за стекнување на лиценца за директор на установа за деца, да поднесат пријава за посетување обука.
Јавен повик МКД
Пријава
Министерството за труд и социјална политика ги повикува сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за посетување на обука за директори на установи за деца како и заинтересираните лица за стекнување на лиценца за директор на установа за деца, да поднесат пријава за посетување обука
Jавен повик за проверка на примена на стручното знаење на директори, стручни работници/стручни соработници, воспитувачи и негуватели во установи за деца
Се информираат заинтересираните лица за стекнување на лиценца и за продолжување/обновување на лиценца за работа на директори, стручни работници/стручни соработници, воспитувачи и негователи во установи за деца, ќе можат да поднесат барање за проверка на примена на стручното знаење за стекнување на соодветна лиценца за следната испитна сесија.
За датумот, местото и времето на проверката на примена на стручното знаење, заинтересираните лица за стекнување на лиценца за работа од соодветната област, ќе бидат дополнително информирани, преку објава на web страната Министерството за труд и социјална политика–банер на Комисијата за лиценцирање.
Барањето со комплетната документација се доставува во архивата на Министерство за труд и социјална политика ул. Даме Груев бр.14-Скопје или по пошта со препорачана пратка со назнака „До Комисија за лиценцирање“.
Барање за стекнување на лиценца
Барање за продолжување/обновување на лиценца
Барањата за стекнување и продолжување/обновување на лиценца кои се прикачени на нашата веб страна се со важност, започнувајќи од 26.09.2018 година.
СТРИМИНГ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТИ
КАМЕРА 1
КАМЕРА 2
Комисија за лиценцирање на директори на установи за деца, стручни работници, стручни соработници, воспитувачи и негователи во системот за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст
Одговорно лице:
Техничко-административно лице: