Отворена нова детска градинка во Радишани за 120 деца

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Бутел Петре Латиновски денес ја пуштија во употреба новата детска градинка во населбата Радишани која ќе има капацитет за згржување на околу 120 деца.

Ова е седма градинка по ред што ја отвораме оваа година, а вкупно 50-та градинка која што ја отвораме од 2009-тата па наваму. Станува збор за нов објект кој што отвори нов капацитет за 120 дечиња. Со тоа целосно го решаваме проблем от на родителите од ова населено место и пошироко и ја намалуваме целосно листата на чекање, односно од утре па натаму сите деца кои што беа на листа на чекање ќе бидат згрижени во новата детска градинка. Оваа инвестиција е во износ од околу 11 милиони денари, општината ги презеде активностите за изградба на овој нов објект, додека пак Министерството за труд и социјална политика учествуваше во целосно опремување на новоизградениот објект. И понатаму продолжуваме со низа инвестиции во отворање на нови детски  градинки, со особен фокус на градот Скопје, рече министерот Спасов.

Инаку се очекува оваа година да бидат надминати плановите за отворање на 10 градинки и, покрај досегашните 7 да се отворат уште 8 детски градинки, односно, вкупно 15 од кои што, како што рече министерот, повеќето од половина ќе бидат во градот Скопје.

 Убаво е кога ќе се застане пред граѓаните и ќе се ветува, меѓутоа задоволството што денеска  како градоначалник го чувствувам е уште поголемо, затоа што едно од ветувањата се исполнува, изградбата на градинката која што денеска ја предаваме во употреба. Грижата за младите вака се покажува на дело, а не со празни зборови и ветувања, рече градоначалникот Латиновски.

Тој најави и дека наскоро ќе биде пуштен во употреба целосно реконструираниот објект на  детската  градинка во населбата Бутел 2 која ќе има капацитет за над 100 дечиња, а како што рече наскоро ќе почне да се гради и нов капацитет за згрижување дечиња во населеното место Живко Брајковски.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }