Царовска: Во 2019 уште посилно да работиме за Македонија да биде поубаво место за живеење

МТСП ви ги честита новогодишните и божикни празници. За време на празниците даруваме и споделуваме љубов, но исто така треба да се потсетиме дека секој ден од годината ни е важен. Во новата година влегуваме со нова енергија, продолжуваме да работиме посветено и неуморно, се со цел да изградиме поправедно и вистински хумано општество за нашите граѓани.  

Особено сме горди што во 2018 година ја сработивме социјална реформа, која значи извлекување на околу 400 илјади граѓани над линијата на сиромаштија и еднакви шанси за секое дете. Имено, со овие реформи пристапот до детскиот и образовниот додаток се зголемува за 20 пати. Од идната година детскиот додаток место досегашните 3.200 деца ќе го користат 73.500 деца, а место образовниот наместо 3.800 деца, 64.316 деца. Социјалната помош се зголемува за 300%, но овозможуваме и полесна активација на невработените на пазарот на труд. Со воведување на социјалната пензија обезбедуваме достоинствен живот за оние кои го граделе нашето општество, а немаат извор на приход од кој можат да се издржуваат. Процесот на деинституционализација тече одлично. Годината ја завршуваме со 60% извадени деца од големите институции, односно сместени во мали групни домови или згрижувачки семејства. Секој ден од 2019 година ќе работиме да обезбедиме топол дом за секое дете и да им подадеме рака на оние на кои сме им потребни.

Оваа година изградивме 24 нови градинки и обезбедивме 300% повисок Буџет за подобрување на квалитетот на предучилишното образование. Ова значи места за 7.000 нови дечиња во градинките, покалитетен кадар и целосна промена на начинот на кој државата се грижи за најмладите. Преку гаранцијата за млади помогнавме со вработувањето на 1.400 млади, а за следната година издвоивме рекордни 1,1 милијарда денари за оперативниот план за вработување. 

МТСП ви ја честита Новата 2019 година, а новогодишните желби остануваат наша инспирација да направиме уште повеќе следната година. Да препознаеме дека секој од нас може да помогне. Да покажеме дека вистински се грижиме за нашите најблиски, но и општеството и средината во која живееме. Заедно да ја направиме Македонија подобро место за живеење.  

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }