Шахпаска: Новата градинка „Прв Чекор“ во Миладиновци,  ќе згрижи 75 деца, за нас секое дете е важно

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворањето на новиот објект „Прв Чекор“ на детската градинка „Гоце Делчев“, во населеното место Миладиновци, општина Илинден.

Објектот е со капацитет за згрижување и воспитание на 75 деца на возраст до 6 години односно до поаѓање во училиште,организирани во четри  хомогени згрижувачко-воспитни групи.  

„За нас секое дете е важно. Предучилишното образование го поставува темелот на кој што младата детска личност, се гради во иден ученик во основно училиште, средно образование и академски граѓанин,“ изјави министерката Шахпаска.

Таа потсети  дека од почетокот на мандатот, покрај денешната во Илинден, беа  отворени и градинките во Сарај и Гостивар, а до крајот на годината планирано  е и отворање на градинките во Ресен, Боговиње и уште четири други градинки.  Воедно таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика продолжува посветено да работи на поставената цел, опфат на нови 7500 деца во детските градинки до крајот на мандатот на Владата на Република Северна Македонија.

„Илинден е општина во раст, проширувањето на капацитетот на градинките е особено важно, бидејќи  предучилишните установи се клуч за дружење и социјализација на децата,“истакна градоначалникот Стојановски.

Тој информираше дека новата градинка е високо енергетски ефикасен објект кој ги задоволува највисоките стандарди. Како и дека вкупната инвестиција во соработка со Министерството за труд и социјална политика изнесува 33 милиони денари.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }