Шахпаска: Општина Брвеница ја доби првата детска градинка која ќе згрижи 65 деца, инвестиција на МТСП во вредност од 22 милиони денари

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на првата детска градинка „Сонце - Диели“ во населеното место Брвеница, Општина Брвеница.

„Градинката има капацитет за 65 деца, кои што ќе бидат организирани во 4 групи, изградена е со средства од Министерството за труд и социјална политика во износ од 22 милиони денари и е првата детска градинка во Брвеница. Продолжуваме со политиките кои значат грижа за секое дете во државата“, истакна министерката Шахпаска.

  

Таа ја потенцираше важноста на предучилишното воспитание и образование, како и важноста на квалитетните и обучени кадри кои се грижат за најмладите, децата, како врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика.  

Министерката Шахпаска им посака успешна работа на вработените во градинката и безбеден и убав престој на децата кои ќе ја посетуваат.

Градоначалникот на Општина Брвеница,Енвер Пајазити  изрази големо задоволство што Брвеница ја добива својата прва градинка, и можноста на најмладите  жителите на оваа општина да добијат предучилишно воспитание и образование во местото  каде што живеат.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }