Шахпаска во посета на шелтер центар: Ниту еден човек, ниту една жена, не смее да биде предмет на насилство, новото законско решение ја зајакнува превенцијата и постапувањето на институциите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денска беше во посета на еден од шелтер центрите за сместување и психо-социјална подршка на жени жртви на насилство и семејно насилство.

Целта на посетата на министерката Шахпаска беше да им се даде березервна поддршка на жените кои преживеале насилство од своите партнери или друг член од семејството, но и уверување дека државата ги презема сите потребни чекори за борба против насилството врз жените.

„Ниту еден човек, ниту една жена, не смее да биде предмет на насилство. Сите луѓе се еднакви и  никој нема право да изврши насилство врз друго лице. Не постои никакво оправдување за таков чин“, истана министерката Шахпаска. Таа разговараше со жените кои во моментот се наоѓаат во шелтер центарот, за нивната моментална состојба и помошта и поддршката која ја добиваат од стручните лица, но и можностите за нивно реинтегрирање во ситемот.

Таа се осврна и на законските промени кои ги носи новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, кој предвидува брзо и ефикасно постапување на институциите, посебно судот во постапување и изрекувањето на итни и на привремени мерки за заштита на лицата жртви на насилство . Како и во делот дека жртвата има право да поднесе тужба пред граѓански суд за утврдување на одговорност за непостапување со должно внимание од страна на надлежните институци.

Со цел заштита од насилство врз жени, чие здравје е живото загрозувачко  под Министерството за труд и социјална политика, на ниво на град Скопје функционираат три шелтер центри, а на ниво на држава вкупно 11.

Покрај шелтер центрите, функционираат и советувалиштата чија оснвна цел е зајакнување на жртвите, помош и поддршка на нивните специфични потреби и тоа преку психо-социјална интервенција и третман на жртвите на насилство како и намалување на последиците од доживеаното насилство при што се избегнува виктимизација.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->