Средба на министерката Шахпаска со претставници од Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска се сретна со дел од претставниците на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, која како платформа за развивање дијалог и отворање на прашања поврзани со Пристапните преговори отвора можност за учествуво на поширок круг граѓани, стручни во определена област кои учествуваат во реформите потребни за имплементација на европската легислатива.

На средбата главен осврт беше направен на сесиите и препораките од поглавјето 19- Социјална политика и вработување, активните мерки за вработување, флексибилните форми на вработување и социјалниот дијалог.

Од страна на министерката Шахпаска беше посочено одличниот успех на реализација на активните мерки за вработување, гаранцијата за млади и самовработувањето како процеси кои течат. Таа истакна дека олеснетиот пристап на Гарантираната минимална помош не значи само брз влез на лицата во ситемот на социјална заштита, туку и нивно вклучување на пазарот на трудот токму преку активните мерки за вработување се постигнува нивно активно вклучување во општествениот живот.

На средбата се  разговараше и за процесот на деинституционализацијата и социјалните услуги како особено значајни и за нас како држава и во поглед на усогласување со европските вредности.

Процесот на децентрализирани услуги од една страна значи помош и поддршка на лицата кои имаат потреба од нив во нивниот дом и нивното место на живеење, што воедно овозможува поголема достапност до граѓаните, но и нови вработувања на лица, даватели на услуги.

И како особено значаен успех и дел од поглавјето 19 е Законот за спречување и заштита од дискриминација со карактер на lex generalis. Закон кој е усогласен со европската регулатива и во него се дефинирани сите облици на дискриминација.

На крајот од  дискусијата министерката Шапаска нагласи дека за нас како држава е многу значајно на патот кон ЕУ, да ги изградиме темелните вредности на кои се базира Европската Унија. Свесни дека овој процес е долг и сложен, но истовремено овозможува како идна членка да ги завршиме сите неопходни внатрешни реформи пред реалното пристапување во ЕУ.​

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }