Заменик министерот, Енвер Хусејин на онлајн конференција посветена на потребите, предизвиците и ризиците на маргинализираните групи од руралните средини погодени од корона кризата

Заменик министерот на Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин денеска присуствуваше на ЗУМ конференцијата на која беше промовирана “Анализата за потребите, предизвиците и ризиците на маргинализираните групи од руралните средини погодени од корона кризата”.

 

Воедно на самиот настан  беа  презентирани резултатите и достигнувањата на Проектот “From Disability to FoodAbility”,  кој НФФ го имплементира со поддршка на We effect и Radiohjalpen,  во насока на подобрување на егзистенцијата на лицата со попреченост и нивните семејства кои живеат во руралните средини и нивно социо-економско зајакнување.

„Руралните средини во општеставата односно државите со ниско развиени економии, во глобални димензии потешко се справуваат со директните и индиректните последици од кризата. Ниските приходи, малата густина и населеност на населението, оддалеченоста од градовите и најчесто без потребната инфраструктура го прави овој дел од населението особено изложен на последиците од влијанието на пандемијата,“истакна заменик министерот Хусејин. 

Тој потенцираше дека наша задача е да ги ставиме на располагање националните и локалните капацитети и ресурси со коишто располагаме како држава и тоа од секаков облик, човечки, инфраструктурни, системски и институционални. Со тоа ќе го идентификуваме социјалниот проблем и социјалниот ризик, односно социјалната ранливост и ќе ги дефинираме приоритетите што ќе не води до обезбедување на услуги и обезбедување на пристап на овие групи до овие услуги.

„Како министерство надлежно во областа трудот и социјалната заштита, секојдневно работиме на релација на детектирање на проблемите на ранливите групи и нивно решавање и секојдневно се трудиме да изнајдеме и да воспоставиме високо ефективни и ефикасни системски решенија,“ посочи Хусејин.

Тој рече дека согласно Оперативните планови и сите стратешки документи на МТСП во кои се предвидуваат мерки  и услуги за вработување согласно карактеристиките на ранливите групи со фокус на нивните специфики и така се адаптираат и активностите.

„Се поттикнува активација и поддршка на вработувањето на социјално загрозените лица, корисниците на гарантирана минимална помош, барањето работа на младите лица, жени, поддршка на вработувањето на лицата со попреченост, односно работиме на намалување на пречките и отварање на патот на овие ранливи групи кон нивно активно вклучување на пазарот на трудот,“ истакна заменик министерот Хусејин.

Како особено значајни заменик министерот ги посочи, договорите за грантови за развој на социјални услуги со општините, преку кои лицата со попреченост добиваат помош и нега во својот дом во своето место на живеење, процесот на процесот на деинституционализација и преместувањето на лицата со попреченост од гломазните институции во групни домови, иницијативите  и усвоени стратегии за поттикнување на учеството и вработеноста на жените,  развој на женското претприемништво како и мерки за намалување на родовиот јаз на пазарот на трудот и промовирање на принципот на недискриминација.

На настанот  присуствуваа претставници од институции, амбасади, организации и лица со попреченост од руралните средини на Република Северна Македонија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }