EU-OSHA е информативна агенција на Европската унија за безбедност и здравје при работа.  Со својата работа Европската агенција за БЗР (EU-OSHA) придонесува кон напорите европските работни места да е направат побезбедни, поздрави и попродуктивни. Таа континуирано промовира култура на превенција на ризикот заради подобрување на условите за работа во Европа.

Главни активности кои ги спроведува Европската агенција за БЗР:

  • Спроведување на Кампањи за здрави работни места – со две-годишните кампањи се влијае на подигнувањето на свеста низ Европа за теми од областа на безбедност и здравје при работа (Healthy Workplaces Campaigns);

  • Проект за on-line интерактивна проценка на ризиците (OiRA) – on-line алатки за проценка на ризикот кои се наменети за малите и средните претпријатија кои им овозможуваат да ги проценат и да управуваат со ризиците на работното место (OiRA - Online Interactive Risk Assessment);

  • Европско истражување помеѓу претпријатијата за новите ризици и ризиците кои се појавуваат ESENER - ова опсежно истражување (анкета) дава приказ за тоа како се управува со ризиците по безбедноста и здравјето на европските работни места (ESENER -  European Survey of Enterprises on New and Emerging Risks);

  • OSHwiki – колаборативна on-line енциклопедија на точни и доверливи информации за безбедноста и здравјето при работа;

  • Проекти на предвидувања – преку насочени проекти на предвидување, Агенцијата ги наведува и ги проучува новите ризици и ризиците кои се појавуваат во областа на БЗР (Foresight projects);

  • Изработување на БЗР прегледи – Агенцијата подготвува и изработува прегледи за конкретни БЗР теми и ги идентификува и утврдува приоритетите (OSH overviews);

  • Филмови за НАПО – серија на кратки и едноставни, забавни, невербални филмови (видеа) за важни теми од безбедноста и здравјето на работните места (NAPO films).

Национални контакт точки (National Focal Points – FP)

Европската агенција за БЗР (EU-OSHA) има свои т.н. национални контакт точки (National Focal Points)  во секоја земја-членка на ЕУ, потоа во Норвешка, Исланд. Лихтенштајн, Швајцарија, како и во регионот на Западен Балкан и Турција, меѓу кои и во Република Северна Македонија.  Контакт точката на Европската агенција, во секоја земја е номинирана од страна на владата и таа е одговорна за воспоставување на сопствена трипартитна мрежа составена од владини тела и институции и претставници од организациите на работници и работодавачи, во согласност со состојбата во секоја од земјите.  Оваа мрежа понатаму дава придонес во работата на EU-OSHA и е механизам за дисеминирање на релевантните материјали, производи и информации до засегнатите страни во државата.  Покрај тоа, контакт-точките се активни и во имплементацијата на кампањите за БЗР кои ги спроведува и организира EU-OSHA.

Во периодот од 2011 година национална контакт точка на Европската агенција за БЗР беше Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР)Од 2020 година, функцијата на национална контакт точка на EU-OSHA во Република Северна Македонија ја извршува Министерството за труд и социјална политика.

Корисни линкови

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->