Кампањата за Здрави работни места – Олеснете го товарот на Европската агенција за безбедност и здравје при работа (EU-OSHA) која ќе се спроведува во наредните две години (2020-2022), ќе биде официјално промовирана и лансирана на прес конференција во Брисел, на 12.10.2020 год., од страна на Европскиот комесар за работа и социјални права, г-дин Николас Шмит, Германскиот федерален министер за труд и социјални прашања, г-дин Хубертус Хеил и Директорката на EU-OSHA, г-ѓа Криста Седлачек.

Фокусот и темата на оваа двегодишна Кампања во областа на БЗР која ќе се реализира во сите земји-членки на Европската унија и земјите кандидати за членство, ќе бидат превенцијата и управувањето со мускулно-скелетните нарушувања (МСН) поврзани со работата, како еден од најзастапените здравствени проблеми кои се јавуваат кај работниците во Европа, а се директно поврзани со работата и работните места.

Сите релевантни информации и материјали поврзани со оваа Кампања може да се пронајдат на web-страната на Кампањата за здрави работни места – Олеснете го товаротhttps://healthy-workplaces.eu/en

Следете ја во живо прес конференцијата во Брисел за отпочнување на Кампањата (12.10.2020 год., 15:00 часот), на следниот линк:  https://audiovisual.ec.europa.eu/en/

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->