Царовска: Со оперативниот план за 2018 година обезбедуваме нови работни места и даваме шанса на сите

Владата на Република Македонија на вчерашната седница го усвои Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година.

При претставување на планот на прес конференција во Владата на Република Македонија, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска посочи дека секоја од овие мерки е чекор кон справување со проблемот со невработеноста. ,,Секој човек има право на пристојна работа со која ќе си обезбеди достоинствен живот. Затоа нашата заложба е да понудиме шанса за сите.’’

 

Со овој план се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат:

-создавање на нови работни места,

-поддршка за креирање на нови работни места и

-зголемување на вработливоста на невработените лица.

 

За реализација на мерките во ОП 2018 се издвоени 1.040.794.835 денари.

Со овие средства се предвидува поддршка за самовработување, поддршка за креирање на нови работни места, обуки за стручни квалификации и вештини, програма за работно ангажирање преку општинско-корисна работа и јавни работи, како и низа други услуги кои се обезбедуваат преку АВРМ.

Оваа година започнува пилот проектот – „Гаранција за млади“. Во периодот од четири месеци по завршување на формалното образование, секое младо лице ќе добие понуда за вработување, континуирано образование и обука, или практиканство. Пилот проектот ќе се реализира во три општини оваа година (Скопје, Гостивар и Струмица).

Пoнатаму, ранливите категории на невработените лица се врвен приоритет. Обуките и и другите посебни мерки за овие граѓани се наменети да ја зголемат нивната вработливост, а со тоа и да ги извлечат од сиромаштија.

При креирањeто на мерките настојувавме да се постигне еднаква застапеност на мажи и жени, со цел да обезбедиме еднакви можности за сите.

За разлика од претходните оперативни планови за вработување, оваа година е поедноставена содржината на програмите за вработување и услугите. Јасно се дефинирани критериумите, како и корисниците на кои се однесуваат програмите за вработување. Исто така, зголемен е износот на средства кај програмата за самовработување со грант, дадена е можност за флексибилност во износот предвиден за грант од 4000 до 5.000 еврa, односно 10.000 евра за здружување на бизнис од двајца содружници.

Годинава е дадена  можност за комбинација на мерките, односно по завршувањето на една мерка, истото лице може да биде корисник на друга мерка. Пример, по завршување на некоја од обуките, може да се вклучи во субвенционирано вработување.

Особено важно е дека со овој оперативен план се предвидени средства за обука за 100 невработени лица, кои што во иднина ќе се вработат како персонални асистенти на лица со попреченост.

Значајно да се напомене дека се предвидени и тренинзи за стекнување на квалификации и знаења за ,,зелени’’ работни места.

Овој план на мерки, дава можност за флексибилен период за користење на субвенција. Дадена е можност за работно ангажирање преку јавни работи во сите општини. Поедноставена е постапката за реализација на обуките од страна на обучувачите. Исто така се дава можност за регионален пристап на користење на мерките согласно барањата на работодавачите и нивна соработка со локалната самоуправа.

Вклучувањето на невработените лица во програмите односно мерките за вработување се врши врз основа на транспарентни процеси за аплицирање.  

Во наредниот период ќе следат повеќе промотивни активности на Владата, МТСП и АВРМ  во врска со Оперативниот план, односно поединечно претставување на мерките. Нашата цел е што повеќе граѓани да ја искористат понудената шанса.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }