Продолжува проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија продолжува со реализација на проектот „Бањско климатска рекреација на корисници на пензија“.

Сите заинтересирани пензионери, почнувајќи од 15-ти јануари па се до 16-ти февруари 2018 година, може да поднесат барање за користење на услугата во филијалите на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија. Право на користење на услугата имаат корисници на старосна, семејна и инвалидска пензија, кои живеат во Република Македонија.

За разлика од претходните години, во 2018 година се овозможува услугата да ја користат корисници на пензија на кои износот на пензијата за ноември 2017 година изнесува до 17.000 денари. При бодирање и рангирање на корисниците на пензија единствено ќе се земе во предвид висината на пензијата, при што понискиот износ на пензија ќе има повеќе бодови. Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија којашто се исплатува од друга држава при бодирањето ќе се земе во предвид и износот на пензијата која се исплатува и од другата држава.

Корисниците на пензија коишто ја искористиле услугата на Бањско климатска рекреација во 2010, 2011, 2012, 2013, 2014, 2015, 2016 и 2017  година или Бесплатен туристички викенд во период 2015, 2016 и 2017 година немаат право да ја користат услугата во 2018 година. Со ова се остава можност да бидат опфатени што повеќе пензионери кои претходно немале можност да ја користат услугата на проектот Бањско-климатска рекреација.

Услугата на Бањско климатска рекреација може да се користи еднаш во период од март до ноември 2018 година, во траење од 7 дена и опфаќа:

- 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно)

- бањска терапија

- задолжителен здравствен преглед

- трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта по завршување на користење на услугата

Лицата корисници на пензија коишто користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило имаат право на придружник за време на бањско климатската рекреација.

Услугата се остварува во правни лица регистрирани за вршење на услуга за бањско климатско лекување со кои Министерството за труд и социјална политика ќе склучи договор во кој ќе се регулираат правата и обврските на договорните страни.

Во изминатите години тоа беа  установите: Здравствена установа- природно лекувалиште “Негорски бањи“ АД Негорци Гевгелија, Друштво за физикална медицина и специјализирана медицинска рехабилитација “Катлановска бања“ ДОО Катланово, АД Дебарски бањи Цапа и ЈЗО Бања бањско “Цар Самуил“ Струмица.

Ги повикуваме заинтересираните пензионери кои исполнуваат услови да се пријават за користење на услугата. Напоменуваме дека образецот на барањето може да го најдат во сите филијали на Фондот на ПИОМ и на веб страницата на Фондот на ПИОМ. Доколку корисникот на пензија користи и пензија од друга држава со која Република Македонија применува договор за социјално осигурување, задолжително доставува потврда од банка за износот на странската пензија. Доколку корисникот на пензија користи паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност и слепило или додаток за глувост нема потреба да доставува потврди за користење на овие права бидејќи ќе се врши порверка преку електронска размена на податоци меѓу институциите.

За овој проект во Буџетот на Министерството за труд и социјална политика за 2018 година се обезбедени финансиски средства во висина од 35 милиони денари, и 3.000.000 денари за превоз.

Повикот за користење на услугата Бањско климатска рекреација за корисници на пензија е објавен на веб страниците на Министерството за труд и социјална политика и Фондот на ПИОМ, а истиот се емитува и на Македонската радио телевизија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }