12.07.2024
Средба Лимани-Вал
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.
![](content/images/2024/juli/fl_v_1.jpg)
Двајцата соговорници разговараа за значењето на соработката меѓу Министерството за социјална политика, демографија и млади и Мисијата на ОБСЕ во Скопје и притоа посебен акцент беше ставен на родовата еднаквост, недискриминацијата, младите и имплементацијата на Стратегијата за вклучување на Ромите во сите општествени сфери.
Интензивирање на активностите поврзани со усвојувањето и спроведувањето на Законот за родова еднаквост, беше една од точките за која беше постигнат заемен договор.
![](content/images/2024/juli/12_7.jpg)
Министерот Лимани го информираше амбасадорот Вал за целите на Владата, каде почитувањето на семејните вредности ќе зазема посебно поглавје.
Дополнително, на оваа средба се разговараше и за вклучување на младите во сите политики и институционални одлуки за спречување на миграцијата на младите.