Отворена прва градинка во Општина Чашка

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска присуствуваше на отворањето на новата градинка „Објектот8 – Бамби“ во Општина Чашка.

Изградбата и опремувањето на градинката Бамби се обезбедени со средства на Министерството за труд и социјална политика, во вкупен износ од 3.072.647,00 денари. Се работи за наменски адаптиран простор на површина од 94,15 м2 и двор од 275 м/2, кој ќе функционира во рамки на ЈОУДГ „ Димче Мирчев“ Велес.  Тука ќе се згрижуваат до 50 деца, организирани во 2 групи, на возраст од 2  до 6 години, односно до вклучување во основно образование, согласно  Законот за заштита на децата.


На отварањето  министерката  Царовска речe: “Министерството за труд и социјална политика издвои буџетски средства за реконструкција на овој објект и денес со задоволство можеме да кажеме дека за прв пат се отвара градинка во Општина Чашка. За нас е од особено значење сите деца подеднакво, и од урбани и од рурални средини, да имаат право на предучилишно образование што не беше случај во изминатите години, но ние како Влада имаме заложба за рамномерен регионален развој и токму затоа ке видите дека во изминатите 6 месеци даваме фокус на отварање на градинки во рурални средини.” На отворањето присуствуваше и министерот за финансии Драган Тевдовски, кој најави поддршка за општините  за изградба на нови градинки и реновирање на постоечки објекти во институции за деца на предучилишна возраст.

Во Општина Чашка досега не постоеше објект за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст. Новата градинка значително ќе придонесе за зголемување на згрижувачките капацитети во велешкиот регион и за реализација на една од програмските цели на Владата - да се зголеми опфатот на деца во предучилишно образование  за 50% до крајот на мандатот.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }