Економско –социјалниот совет дебатираше за одлуката недела  да биде неработен ден

За одлуката недела да биде неработен ден и како таа да се преточи во законско решение денеска разговараше Економско –социјалниот совет со кој претседаваше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

 

Со цел да се слушнат сите мислења и ставови на присутните членови од Сојузот на синдикати на Македонија, Организација на работодавачи и владините претставници се отвори широка дискусија на која беа слушнати различни мислења во однос на ова прашање.

Притоа, од страна на присутните членови на ЕСС одлуката недела – неработен ден, како ден за семејството беше позитивно оценото.

Но, исто така се констатираше и дека исклучоци од оваа одлука треба да има и да се однесува на оние дејности кои се оценети како работа во специфичен работен процес, односно нивното функционирање не смее да застане. Тука беа посочени индустриите и производството кое мора да има континуитет и дејностите кои се од витално значење за граѓаните, како здравството, полицијата, противпожарната служба и други.

Со оглед на тоа дека се работи за комплексно прашање, изминатите денови беа направени бројни средби и консултации со сите засегнати чинители во процесот со цел изнаоѓање на најприфатливо решение кое ќе биде резултат на заеднички договор.

Од страна на министерката Шахпаска беше посочено дека разговорите продолжуваат и следните денови, но се очекуваат и дополнителни анализи кои ќе придонесат во изработка на првична драфт верзија, после која повторно ќе се направат консултации.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }