Министерката д-р Ташевска-Ременски и деканот на Филозофскиот факултет – Скопје проф. д-р Горан Ајдински потпишаа Меморандум за соработка

Денеска (3.10.2016 година) министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски оствари работна средба со Деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методи“ – Скопје, д-р Горан Ајдински. На средбата беше разговарано за досегашната и идната соработка помеѓу факултетот и институтите во негов состав и Министерството за труд и социјална политика.

Министерката и деканот потпишаа нов Меморандум за соработка во кој се прецизирани повеќе области на соработка и заемна помош: практичната работа на студентите од студиските програми на институтите за социјална работа и социјална политика, социологија, психологија, педагогија, дефектологија и семејни студии на првиот и вториот циклус студии, остварување на општествено корисна работа, научно-истражувачката и апликативната дејност, заемна соработка и помош во организирање и спроведување на обуки, тркалезни маси, дебати, конференции и сл.

Филозофскиот факултет – Скопје ќе обезбеди 2 (две) школарини за запишани студенти на прв циклус студии за деца од социјално загрозени семејства (корисници на права од социјална и детска заштта) и 2 (две) школарини за втор циклус студии на Филозофски факултет - Скопје за вработени во Министерството за труд и социјална политика и јавните установи под негова надлежност;

Во духот на унапредувањето на соработката од интерес на Министерството и на високообразовните институции во Република Македонија, ќе продолжиме да градиме партнерски односи по примерот на денешниот склучен Меморандум за соработка со Филозофскиот факултет – Скопје и Меморандумот со факултетот за безбедност – Скопје склучен на 15 септември оваа година.

Со овие Меморандуми за соработка придонесуваме за стручната и образовната надградба на вработените во министерството и помагаме на студентите од семејствата кои користат право од социјална/детска заштита да студираат без школарина на овие два факултети.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }