Министерката Ташевска-Ременски го повика Диме Спасов да се повлече од политичката функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјална политика

Mинистерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски поради сериозно нарушување на угледот на Министерството за труд и социјална политика јавно го повикува дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов да се повлече од политичката функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјална политика, од причини што постапил неодговорно за функцијата што ја извршува. Ова свое барање таа го поткрепи со неколку аргументи.

,,Имено, дополнителниот заменик министер за приватни цели и интереси, противзаконски располагал и управувал возило на Агенцијата за вработување на Република Македонија за што не постои никаков документ за користење – решение, полномошно и налог. Исто така тој ја загрозил безбедност на патниците во сообраќајот; нанел материјална штета на возилото што го управувал и на возилата што ги удрил и противправно трошел средства за гориво на МТСП за потребите на возило кое не е сопственост на Министерството; и избегал на полицијата со што го попречил полициското постапување за утврдување на неговата психо-физичка состојба; и надвор од секаква етика и морал поттикнал друго лице, вработено како возач во МТСП, а не како негов возач, спротивно на реалната состојба да ја преземе одговорност за неговото несовесно постапување”, информираше министерката Ташевска-Ременски.

Нејзините очекувања се МВР да го расветли инцидентот поврзан со дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика со што ќе се покаже неселективност во постапувањето и еднаквост на сите граѓани пред законот.

При тоа таа ја информираше јавноста дека возилото Туарег што е користено од страна на Диме Спасов во саботата кога се случи инцидентот е сопственост на Агенцијата за вработување.

,,Ова возило не е единствено што го користел дополнителниот заменик министер. Спасов противзаконски располагал веќе подолго време уште со други три возила коишто со Одлука на Владата на РМ (бр. 42-8184/2 од 12.08.2015 година) се дадени на трајно користење без надомест на Агенцијата за вработување. Тоа значи дека освен дополнителниот заменик министер Диме Спасов и директорот на Агенцијата за вработување, противзаконски и спротивно на Правилникот за користење на службени возила во сопственост на АВРМ, овозможил возила на Агенцијата да бидат на располагање на неовластени лица надвор од работното време и задачи”.

Токму затоа, министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски до Владата на Република Македонија и до надлежните органи ќе достави пријава за злоупотреба на службена положба и овластувања од страна на В.Д. директорот на Агенцијата за вработуивање на Република Макеоднија, кој како што инфомрираше спротивно на Закон повеќе од двапати е именуван на функцијата вршител на должност, а во моментот извршува функција со истечен мандат.  

,,Дополнително што и Канцеларијата на Европската комисија во јули оваа година, утврдила несоодветна употреба и располагање со средствата (10 возила) кои преку ИПА фонд се набавени за потребите на Агенцијата за вработување на Република Македонија и Државниот инспекторат за труд и побарала поврат на средства од АВРМ и ДИТ во висина од 27.000 евра. Сето ова е констарирано во неодамнешниот Ревизорски извештај за АВРМ од страна на Државниот ревизор на РМ”, информираше Ташевска-Ременски.

Таа појасни и дека во Министерството за труд и социјална политика се преземаат мерки за утврдување на одговорност за возач во Министерството кој не е возач на дополнителниот заменик министер, а ја презел одговорноста за инцидентот во саботата.

,,Од сите овие причини, барам, Диме Спасов, да ја преземе одговорноста за своето неодговорно и несовесно работење и да се повлече од политичката функцијата дополнителен заменик министер за труд и социјална политика”, упати повик министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->