Министерката Ташевска-Ременски посети деветчлено семејство
Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски заедно со претседателката на здружението ,,Проект Среќа “ Кристина Арнаудова беа во посета на деветчлено семејство кое се наоѓа во социјален ризик.
Семејството живее во трошна куќа која дел е срушена како последица од земјотресите. Соочени се со многу проблеми во нивното неизвесно секојдневие.
Здружението ,,Проект Среќа” на семесјтвото му достави скромна помош, а министерката Ташевска-Ременски детално се запозна со состојбата во која се наоѓаат и се заложи дека ќе направи се што е во надлежност на министерството со кое што раководи да му помогне на ова семејство.