Потребна е севкупна и нелицемерна борба против сиромаштијата, вистинска грижа за вистинските потреби

,,Вистинска грижа за вистинските потреби за граѓаните! Не се доволни само проекти, туку севкупна борба против сиромаштијата која треба да биде безрезервна и нелицемерна. Потребно е формирање на државна банка на храна за да може да се обезбеди сигурно снабдување со најпотребните производи за децата, за бездомниците, за семејствата коишто живеат на прагот на сиромаштијата”, потенцираше министерката за труд и социјална политика д-р Фосина Ташевска-Ременски на денешната прес конфернеција по повод 17-ти октомври, Меѓународниот ден на борба против сиромаштија, во организација на општина Центар и Здружението Проект Среќа. 

,,Денеска јас како министер за труд и социјална политика би била најсреќна кога би можела да изнесам многу попозитивни бројки и резултати од стапката на сиромаштија во Република Македонија, односно да се пофалиме дека Република Македонија не е веќе земја која што има највисока стапка на сиромаштија како што е во моментот. Република Македонија на европско нмиво е една од најсиромашните земји, како што има исто така и висока стапка на младинска невработеност. Од статисткитие со коишто располага Министерството и Државниот завод за статистика се бележи благ пад на сиромаштиојата во Република Македонија, но тоа е незабележливо ако се земе во предвид дека 40% од домаќинствата во Република Македонија се наоѓаат на прагот на сиромаштијата, односно живеат со 40 денари дневно”, подвлече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски. 

Таа додаде дека 26% од тие семејства коишто се регистрирани како сиромашни не можат да си обезбедат ниту еден оброк со месо во текот на неделата, а уште помалку да им овозможат други поволности на своите деца  и да обезбедат огревно дрво. ,,Во таа насока една од нашите заложби и цели е да ја намалиме стапката на сиромаштиоја до 2020 година под 18% за да можеме да обезбедиме и подобри услови за граѓаните, но и вистинска реализација на борбата против сиромаштијата. Тоа бара и ревидирање на целокупниот систем на социјална заштита којшто нема да ги опфаќа само луѓето со ниски примања туку и сите останати коишто се наоѓаат во социјален ризик затоа што и сиромаштијата и гладот мора да се превенираат. Зголемен е бројот на семејства коишто располагаат со месечни примања под 5600 денари што значи дека се намалува бројот на граѓани коишто можеме да ги рангираме во рангот на ниска средна класа, се зголемува сиромашното население во Макеоднија и тоа е еден аларм којшто мора да се вклучи”, потенцираше Ташевска-Ременски. 

На прес конференцијата градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски рече дека и општина Центар во текот на целата година се грижи за своите најзагрозени жители доделувајќи социјални пакети, како и огревно дрво на лицата кои примаат социјална парична помош, а одвојуваат и средства за еднократна парична помош за лекување.  

Кристина Арнаудова, пак, претседател на здружението “Проект Среќа“, главен иницијатор на проектот, посочи дека соработката со општина Центар на овој проект е дека општината има најголем број проекти кои ја таргетираат сиромаштијата. Со тоа, се зголемува свеста за помош на сиромашните и бездомниците.

 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->