Прв круг на преговори за склучување на Договор меѓу Република Македонија и Руската Федерација за социјална сигурност

Во периодот од 18 до 20 октомври 2016 година во Москва, Русија, се одржа прв круг на преговори меѓу македонски и руски експерти за склучување на Договор меѓу Република Македонија и Руската Федерација за социјална сигурност.

Двете делегации разменија информации за правните прописи во областа на пензиското и здравственото осигурување, права по основ на невработеност, повреда при работа, професионална болест, како и права по основ на бременост, раѓање и мајчинство на Република Македонија и Руската Федерација.

За време на преговорите се разгледуваа одредби од Нацрт текстот на Договорот за соработка во областа на социјалната сигурност предложен од руска страна.

Двете делегации се договорија вториот круг на преговори да се одржи во март 2017 година во Скопје. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->