Синдикалните организации да бидат двигатели на промените во општеството 

Министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на првиот конгрес на Независниот академски синдикат. При тоа таа се осврна на важноста на независното функционирање на синдикатите, времетраењето и постапката за регистрација на синдикатите кои во минатото траеле и повеќе години, како и поддршката која што Министерството за труд и социјална политика ја дава во овој период во поглед на сидникалното организирање и унапредување на работничките права.

,,Навистина ми е мило што присуствувам на конгресот на Независниот академски синдикат не само поради фактот што ова е еден од гранските синдикати коишто беа регистрирани во периодот кога сум јас министер, туку поради фактот што докажавме дека не треба да поминат години за да се регистрира организација која што сака да ги подобри правата на своите членови, а притоа ги има сите потребни документи за да ја комплетира процедурата и во Министерството за труд и социјална политика и во Централниот регистар“, потенцираше министерката Ташевска-Ременски и продолжи:

„Дали ќе ви биде чудно доколку ви кажам дека некои од процедурите траеле и по 2 до 3 години? Дали ќе ви биде чудно доколку ви кажам дека некои од тие процедури сеуште беа во тек на крајот на 2015 година, а биле започнати во 2011 или порано?“

При тоа таа ја појасни процедурата во Министерството за запишување во Регистарот на синдикати и рече дека за да се направи било каква промена во Централниот регистар или за да се регистрира нов субјект (грански синдикат или нова синдикална организација или подружница) потребно е претставниците на работниците (синдикатите) да ги поднесат документите преку Министерството за труд и социјална политика да ги разгледа истите да ги провери дали се согласно со одредбите од законите (пред се со Законот за работните односи во делот на регистрацијата на синдикатите) и Статутот на правниот субјект – синдикатите и истите ги спроведува до Централниот регистар. Во случај кога има некои недоследности, за истите надлежните од Министерството комуницираат со одговорните лица во синдикатите и грешките се коригираат доколку истите се од техничка природа, а работите што не се во согласност со Законите или Статутите не се дозволуваат да се официјализираат. Овие постапки не би требало да траат долго време, односно не повеќе од 30 дена. 

На крајот во своето обраќање министерката Ташевска-Ременски заклучи дека со макотрпна работа и со барање на солидарна поддршка од нивните колеги од другите грански синдикати сите заедно може дојдат до посакуваното место, а тоа е да бидат двигатели на промените во високото образование! 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }