Ташевска-Ременски: Поголема одговорност во доменот на превенција, спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, и кривично гонење на сторителите

Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на Конференцијата на тема „Заштита и поддршка на жени жртви на родово базирано насилство“ во организација на Националниот совет за родова рамноправност со поддршка на ЕУ, Цивика Мобилитас и UN Women.

Имено, насилството врз жените, вклучувајќи го и насилството во семејството претставува кршење на човековите права на жртвите и пречка за остварување на нивните фундаменталните слободи и права и илјадници жени низ Европа се жртви на различни видови на насилство. Семејното насилство пак, е скриен феномен и има негативно  влијае во секојдневниот живот во многу семејства и затоа истото не треба да биде игнорирано од одговорните институции на меѓународно и национално ниво.

,,Анализите направени на меѓународно и на национално ниво укажуваат дека и Република Македонија е дел од глобалниот проблем на насилство спрема жената и семејното насилство кој бара мултидисциплинарен, односно сеопфатен пристап. Имајќи во предвид дека сеуште постојат празнини  во многу држави вклучувајќи ја и Република Македонија, треба да се согласиме дека е потребно итно да се преземе поголема одговорност во доменот на превенција, спречување и заштита од насилство врз жените вклучувајќи го и семејното насилство, но, исто така и кривично гонење на сторителите”, рече министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски во денешното обраќање пред присутните на конференцијата.

При тоа таа потенцираше дека ова е можност за покренување на една заедничка иницијатива за преземање на поефикасни мерки  од аспект на измена и дополнување на законската регулатива како и ревидирање на капацитетоите на воспоставените механизми за  заштита на жртвите во нашата држава.

,,Имено, Република Македонија ја потпиша Конвенцијата на Совет на Европа или Истанбулската Конвенција за спречување и борба против насилство врз жените вклучувајќи го и домашното насилство во 2011 година, со што  се создадоа услови за преземање на конкретни мерки за превенција, заштита на жртвите на  родово базирано насилство, како и кривичен прогон на сторителите на овој вид на насилство вклучувајќи го и домашното насилство. Исто така, со донесувањето на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство и вградувањето на дел од стандрадите на Истанбулската конвенција направен е исчекор кон унапредување на системот на заштита на жените жртви на насилство вклучително и домашното насилство во граѓанската област. Сепак, Република Македонија е едиствената земја во регионот која ја нема ратификувано оваа Конвенција што значи дека ги нема воспоставено во доволна мера стандардите и механизмите што ги бара оваа Конвенција за да се заштитат пред сѐ човековите права на жените и на жртвите на домашното насилство”, рече Ташевска-Ременски при што уште еднаш ги потенцираше главните цели на Конвенцијата кои што треба да ги препознае и да ги имплементира и нашата држава во наредниот период како предуслов за ратификација на Конвенцијата.

Спречувањето на насилството, заштитата на жртвите и кривичното гонење претставуваат темел на конвенцијата. Нејзина цел е исто така промена на начинот на размислување и на менталитетот на поединци повикувајќи ги сите граѓани на едно општество, а посебно мажите и момчињата да ги променат своите сваќања и перцепции во врска со ова.

Исто така, Конвенцијата е првиот меѓународен договор кој ја содржи дефиницијата на род и која воведе неколку кривични дела како што се генитално осакатување, принуден брак, принуден абортус и принудна стерилизација. Тоа значи дека државите за прв пат ќе мораат во својата правна регулативада ги воведат овие сериозни кривични дела.

,,Би сакала да потенцирам дека со  ратификација на оваа Кконвенција на Македонија ќе и се отвори и пристап до нови фондови за поддршка на државата во развивање на сервисите и стандардите кои оваа конвенција ги поставува. Исто така,  свесна дека овој процес бара инволвираност на сите релевантни актери на сите нивоа потсетувам дека Министерството за труд и социјална политика е отворено за заедничка соработка и делување на овој план како со граѓанските така и со меѓународните организации во Република Македонија”, рече Ташевска-Ременски.

Свое обраќање на Конференцијата имаше и постојаниот координатор на Обединетите Нации и претставник на УНДП и УНФПА во Република Македонија, г-ѓа Луиза Винтон.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }