Тркалезна маса посветена на родово-релевантни мерки и буџети на локално ниво

Министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на тркалезната маса посветена на родово-релевантните мерки и буџети на локално ниво, а во знак на одбележување на меѓународниот ден на жените од руралните средини кој беше на 15 октомври.       

Поводот беше можност и да се прикажат некои од резултатите од работата во рамките на проектот за родово буџетирање, како и да се повикаат на една маса претставниците од општинската администрација и крајните корисници со цел да се прикаже како преку него се реализираа одредени промени во политиките на општината и со тоа се влијаеше конкретно на животот на самите жени.

Целта беше на некој начин да се види кои се оние конкретни резултати од примената на алaтката за родово буџетирање што е реално тешко да се разбере што значи и кон што води и да се покаже благодарност од поддршката на Швајцарската развојна агенција за проектот на UN Women. Да се искористи моментот да се прикаже важноста на родовото буџетирање и до кои промени доведе во Македонија, односно дека Стратегијата за родово буџетирање е усвоена и се имплементира; направени се промени во буџетскиот циркулар од ресорните министерства за да направат родово буџетска анализа на една нивна програма; со измените на Законот за еднакви можности се бара од сите министерства и локални самоуоправи да ги земат во предвид родовите прашања при развивање на програми и буџети.  Исто така, локалните власти се важни актери во имплементацијата на родовото буџетирање. Општини како Скопје, Струмица, Тетово, Боговиње, Битола го применуваат родовото буџетирање и веќе имаат постигнато одредени конкретни резултати.

,,Свесни сме дека треба многу време за родовото буџетирање да стане реалност и да се видат видливи резултати и проемни во животот на луѓето, но корисноста на самата алатка се докажува веќе доволно. Иако со задоцнување сепак го одбележуваме меѓународниот ден на руралната жена за да видиме како преку овие иницијативи се идентификуваат потребите и проблемите со кои руралните жени се соочуваат и како истите се адресираат. Република Македонија ќе продолжи да работи на ова поле, ќе направи евалуација на Стратегијата за родово буџетирање и ќе ги идентификува следните цели и чекори”, рече во своето обраќање министерката за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски на тркалезната маса посветена на родово-релевантните мерки и буџети на локално ниво. 

На тркалезната маса која што беше во организација на UN Women и Општина Боговиње се обратија и градоначалникот на општина Боговиње, Хазби Идризи, како и Ingibjorg Solrun Cisladottir, регионална директорка на UN Women за Европа и Централна Азија и Sybille Suter Tejada, амбасадорка на Швајцарија во Македонија.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }