30 милиони евра за нови 7.500 деца и подобра грижа во градинките

Со презентација пред високи преставници од Светска банка, градоначалниц, и директори на центри за социјални работи, вчера во Владата на Република Македонија беше означен стартот на Проектот за подобрување на социјалните услуги и детската заштита. Проектот е во вредност од 30 милиони евра обезбедени од Светска банка, а во следните черири години ќе го спроведува Министертвото за труд и социјална политика. 

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска во своето обраќање истакна дека со Проектот за подобрување на социјалните услуги ќе се постигнат значајни резултати кои се во согласност со тековната реформа за социјална заштита и заштитата на децата.„Ќе го зголемиме пристапот и квалитетот на социјалните услуги, вклучувајќи ги и предучилишните услуги. Ќе создадеме дополнителни 7.500 нови места во градинките преку изградба на нови објекти и пренамена на постоечките, како во урбаните така и во руралните подрачја. Со проширувањето на мрежата на предучилишни установи ќе го зголемиме  опфатот на деца  од 3 до 6 години за 50%. Со имплементацијата на проектот се очекува и повеќе од 3.000 корисници да имат бенефит од  новите вонинституционални социјални услуги обезбедени на локално ниво“, рече Царовска.

Со прокетот ќе се развие интегриран софтвер за администрирање на парични надоместоци и социајлни услуги со што ќе се поддржи социјалната реформа. Исто така, ќе се воведе семеен социјален работник кој ќе биде задолжен да ги следи потребите на секое семејство коешто е во социјален ризик.

Во врска со стартувањето на Проектот свои обраќања имаа и министрите за финасии и за образование и наука, Драган Тевдовски и Арбер Адеми, како и директорот на Канцеларијата на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели.

Со Стратегијата за соработка со Светската банка има и други нови проекти за унапредување на човечкиот капитал во Македонија, како што е Проектот за примарна здравствена заштита, за јакнење на вештините, претприемништвото и проекти за животната средина. Вкупната вредност на проектите од Стратегијата се околу 400 милиони долари и треба да се спроведе во наредните четири години. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }