Министерката Царовска ја презентираше социјалната реформа пред експерти во Стразбур

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, денеска ја презентираше реформата во социјалната и детската заштита во Македонија. Потребата од реформата како и очекуваните ефекти од нејзината примена која треба да стартува од идната година ,Царовска ја образложи пред експерти од 42 земји члнки на АД ХОК Комитетот за Роми.  

„Со реформата воведуваме програма за гарантиран минимален приход, што ќе овозможи финансиска поддршка за сите лица што живеат под линијата на сиромаштија. Целта на овој приход е да им обезбедиме доволно средства за подостоинствен живот, да ги вклучиме во општеството, но и да работиме на нивно оспособување за трајно вработување. Се бориме и против детската сиромаштија, бидејќи секое дете ни е важно. Воведуваме детски и образовен додаток, а право на овие надоместоци освен корисниците на гарантираниот минимален приход ќе имаат и домаќинствата со минимални приходи“, рече министерката Царовска.

Министерката Царовска во Стразбур имаше работна средба со Заменик генералната секретарка на Советот на Европа, Габриела Батаини Драгони. На состанокот се разговараше за активностите на Министерството за труд и социјална политика поврзани со интеграцијата на Ромите, како и за поголемиот дел законски регулативи во надлежност на МТСП.  Батаини Драгони ги поздрави напорите коишто Владата на Република Македонија  и Министерството за труд и социјална политика ги прави за подобрување на социјалната и детската заштита и изрази поддршка за техничка помош за скрининг процесот во делот на социјалните прашања. 

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }