Заменик министерот Бајрактар на Конференција за деца со помалку можности

По повод 17 октомври, интернационалниот Ден за борба против сиромаштија, заменик министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар присуствуваше на првата Конференција за деца со помалку можности “Самит на детски желби” во организација на здружението од „Проект Среќа“. Целата на конференцијата беше најодговорните во општеството да ги слушнат детските желби и ова е прв пат кај нас и во Европа, да се организира настан од ваков тип, каде што гости и главни говорници, се само деца во социјален ризик. На конференцијата зборуваа 9 деца. Тие говореа за сите предизвици со кои се соочуваат секојдневно, за нивниот живот, но и за силата која ја наоѓаат во себеси за да се борат, да бидат одлични ученици, и да се приклучат во создавањето на подобар свет за сите деца. Идејата на овој настан беше за прв пат, децата да бидат центар на вниманието, тие да бидат ѕвездите, и да им се даде до знаење дека тие се најважни и дека без нив не можеме да создадеме подобро општество. 

Со говор се обрати и престедателката на “Проект Среќа” Кристина Арнаудова која на децата им кажа дека и таа некогаш била дел од нив, дете во социјален ризик, и дека си ветила себеси дека кога ќе порасне ќе најде начин да им помага на децата кои имаат таква потреба. Исто така се обрати и покровителот  на настанот градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ. На конференцијата присуствуваше и холандскиот амбасадор Wouter Plomp, а беше присутен и претставник од УНИЦЕФ, како и претставници од останатите здруженија кои се занимаваат со оваа проблематика.

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }