Јавен повик

Министерството за труд и социјална политика известува дека во насока на унапредување и развој на социјалните услуги на локално ниво и подобрување на квалитетот и пристапот на услугите согласно потребите на граѓаните  во социјален ризик и социјална исклученост, во континуитет ќе продолжи со активности за финансирање на проекти  за изградба, доградба, адаптација и опремување на објекти за проширување на капацитетите за обезбедување на услугите со средства од Буџетот на Министерството за труд и социјална  политика или со други извори на средства.

За таа цел се повикуваат општините да достават апликација со комплетна документација за проект за  изградба, опремување и одржување на објекти за социјална заштита (документација наведена во јавниот оглас за аплицирање и тоа: образец за апликација, имотен лист, основен проект и спецификација за опрема).

Општините што ќе достават комплетна документација ќе бидат предмет за разгледување и оценување за финансирање по обезбедување на средства од страна на Министерството.   

Со еден клик до сите услуги
Uslugi.gov.mk
Кликни тука
-->
Овој веб сајт користи колачиња "Cookies", за да го подобри корисничкото искуство.

Доколку ги прифаќате условите притиснете “Се согласувам”. Повеќе инфо.

var prevDropDown = null; function dropDown(src) { if (prevDropDown != null) { prevDropDown.className = "mnuHidden"; } var id = src.id; var subMenuTable; var childID = id + '_submenu'; subMenuTable = document.getElementById(childID); subMenuTable.className = "mnuVisible"; prevDropDown = subMenuTable; }